5 правила кои смеете да ги прекршите додека сте на диета
За време на борбата со вишокот килограми, многумина наидуваат на безброј препреки поврзани со начинот на исхрана.
Забраната на одредени намирници и конкретко утврдениот период за консумирање на истата знае да биде главна причина за откажување.
Но, за да бидете истрајни во мисијата, а воедно да не се измачувате, овие 5 правила смеете да ги прекршите во било која диета.
1. Не ги избегнувајте маснотиите
Забраната не треба да ја разбирате буквално, затоа што постојат добри и лоши маснотии. Незаситените масти ви помагаат во апсорбирањето на потребните материи од овошјето и зеленчукот и воедно го намалуваат холестеролот. Затоа, што почесто консумирајте риба, јаткасти плодови и авокадо кои се ризници на есенцијалните омега 3 и омега 6 масни киселини.
2. Јадете леб
Исфрлањето на лебот од исхраната исто така е правило кон кое нема потреба да се придржувате. Житарките се важни за рамнотежа во организмот, а доколку ги заобиколувате ја одземате енергијата од него. Бирајте интегрален леб од цело зрно и житарки кои се богати со влакна и го задржуваат чувството на ситост.
3. Не ја прескокнувајте вечерата
На телото му е неопходна енергија за постојано функционирање, па доколку не ја добие во целост, лесно ќе посегне по нездрава алтернатива. Затоа, подобро е да си дозволите здрава и лесна вечера, како на пример салата, интегрални тестенини или лесни намази, отколку да гладувате.
4. Јадете слатко
Претераното откажување од слатко додатно ја зголемува желбата. 90% од времето хранете се здраво, а во останатите 10% дозволете си една топка сладолед или колаче со чоколаден крем кои се доволно слатки да ви ја задоволат желбата, но нема да ве исфрлат од рамнотежата на исхраната.
5. Консумирајте 3 наместо 5 оброци дневно
Во секојдневната гужва немате многу време да мислите што ќе јадете 5 пати во денот. Затоа, подобро е да се посветите на само 3 здрави оброци во текот на денот кои претходно ќе ги подготвите со големо внимание. Ако сте во гужва и под стрес, избегнете ги грицките и ужините - тогаш се најголеми шансите да погрешите околу изборот.