7 лоши навики кои создаваат сало на стомакот
Колку и да се трудите, салото на стомакот е секогаш поупорно од вас? Можеби затоа што ги практикувате овие 7 лоши навики.
За да се ослободите од него, потребно е да го правите спротивното од она што ќе го прочитате во продолжение.
1. Редовно пиете газирани пијалаци
Само 1 до 2 чаши газиран сок дневно предизвикува 5 пати побрзо создавање на салото, отколку кај оние кои пијат свежи сокови. Во забранетата категорија секако спаѓаат и „диеталните“ газирани сокови.
2. Јадете од преголема чинија
Секогаш внимавајте од каква чинија јадете. Кога јадете од голема чинија имате чувство дека сте изеле помалку, за разлика од мала, но преполна чинија.
3. Јадете доцна навечер
Иако е точно дека телото согорува маснотии за време на спиењето, нема да биде доволно ефикасно ако одите во кревет со полн стомак. Опасностите од отежнато варење на храната се поголеми, а со тоа и наталожување на несогорените масти.
4. Јадете кога сте тажни, лути и вознемирени
Следен пат кога ќе сакате да се смирите со храна, сетете се дека во моментот не сте гладни, туку лути. Наместо брз оброк, испијте чаша сок или вода, поразговарајте со пријателите и излезете надвор.
5. Често јадете производи со ниска масленост
Некои луѓе се во заблуда дека полномасните производи предизвикуваат таложење на салото. Вистината е поинаква. Маслиновото масло и авокадото всушност се одлични за ослободување од салото.
Производите со ниска масленост најчесто се преполни со шеќер, затоа исфрлете ги од менито уште денес.
6. Недоволно спиете
Возрасните и активни личности би требало да спијат 7 до 9 часа секоја ноќ. Ако не спиете доволно, нивото на кортизол се зголемува, а со тоа потребата за нездрава храна која ќе ве утеши.
7. Не внесувате доволно протеини
Возразните би требало да внесуваат 20 до 25 грама протеини по оброк, но тоа зависи колку сте активни и која е вашата тежина. Ако го зголемите количеството на протеини ќе го избалансирате нивото на шеќер во крвта и ќе го намалите нивото на инсулин, заради што метаболизмот ќе се забрза.
Затоа, почесто консумирајте ги овие 5 намирници кои имаат мала количина на масти, а богати се со протеини.