Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“

„Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена Аврамов појасни зошто не се препорачува секојдневно да консумираме пити и буреци и зошто комбинацијата од бурек и јогурт не е прифатлива.

srpska-nutricionistka-predupreduva-burekot-ne-treba-da-se-konsumira-so-jogurt-01.jpg

На нашите простори, бурекот и јогуртот се омилен појадок за многумина, а според српската нутриционистка Јелена Аврамов, ова е најголемата грешка во исхраната што можете да ја направите.

Јелена Аврамов гостуваше во емисијата „Ординација“ на РТС каде ги советуваше гледачите дека треба да избегнуваат секојдневно појадокот да им се состои од бурек, пити или гибаници, коишто се доста калорични оброци.

„Тоа се оброци што на некои 100 грама имаат од 250 до 300 калории, додека една порција бурек тежи околу 250 грама.

Вие секој ден ако ја внесувате таа количина бурек, значи дека внесувате некои 600, 700, па можеби и повеќе калории само преку појадокот, а плус ако се додаде и јогуртот, тоа се дополнителни 100 калории“ – појаснува таа.

srpska-nutricionistka-predupreduva-burekot-ne-treba-da-se-konsumira-so-jogurt-02.jpg

Според неа, најдобро е да се избегнува да се консумира бурек и јогурт, а кога се јадат оброци од тесто, со нив да се консумира салата со јаболков оцет.

Нејзина препорака е оброкот да се започне со салата, која ќе создаде чувство на заситеност во организмот, а со самото тоа нема да имаме потреба да изедеме цела четвртина бурек.

„Јас би посочила дека најтешко се варат оние пити што се најмрсни, а тоа се буреците, и тоа оние кои се во комбинација со месо. Проблемот кај оваа храна е тоа што таа на некој начин ви ја троши енергијата.

Кога ќе станеме наутро јадеме по еден бурек и потоа по 2-3 часа ни се приспива, ни паѓа енергијата, заради што луѓето најчесто посегнуваат по кафе“ – вели нутриционистката.

Таа не вели дека печивата и бурекот треба целосно да бидат исклучени од исхраната, но нивното внесување во никој случај не треба да биде секојдневно.

srpska-nutricionistka-predupreduva-burekot-ne-treba-da-se-konsumira-so-jogurt-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg