Кај Александра дома: „Полиците со различна висина ми се погодок, но вградениот аспиратор ми е промашување“ (фото)
Рерната исто така кога би имала можност би ја кренала повисоко, но во мојот случај не беше изводливо.
Следно нешто што претставува тешкотија во домаќинството е црниот, гранитен мијалник, кој иако е тежок за одржување, можеби од естетски причини повторно би го ставила.
Бара многу внимание и често пребришување со сува крпа за да не остануваат бели флеки од бигор.
Нешто слично како и стаклениот параван во туш кабината, кој мора да се пребришува по секое туширање. Но, затоа пак си го обожавам шкафчето во тоалетот за средства и козметика.
Последно нешто кое според мене е непрактично во домот, особено онаму каде што има помали деца е мебелот изработен од фарбан мат медијапан.
Прекрасно изгледа, одлично се вклопува, но не поднесува многу средства и лесно се оштетува.
И најомилен дел од домот дефинитивно ми е терасата, каде деталите сметам дека ми се вистински погодок.“
Погледнете и како комплетно изгледа нејзиниот дом - На гости кај Александра: Стан во Скопје во кој доминираат розовата и белата боја (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело