7 ситници во домот што гостите сигурно ќе ги забележат (и ќе раскажат на сите за нив)
Сте се запрашале ли што е она што на гостите кои доаѓаат во вашиот дом веднаш им паѓа во очи, иако вие можеби не го забележувате?
Понекогаш ни е многу поважно домот да ни биде удобен, што сме сконцентрирани само на големите детали, а воопшто и не водиме сметка за некои ситници или пак, навикнати сме на нашето секојдневие и не ни помислуваме дека некои работи би можеле да бидат впечатливи за оние што доаѓаат првпат.
Од друга страна, пак, можеби сметате дека луѓето нема потреба да доаѓаат ако влегуваат за да видат како ви е дома, а потоа се чувствувате непријатно кога ќе слушнете дека сте биле тема на озборување за некои ситници што можеби и не сте ги забележале.
Од извлаканите влезни врати, до трошките на подот – кои се ситниците што гостите сигурно ќе ги забележат во вашиот дом и ќе раскажат на сите за нив?
Дамки на влезната врата
Секојдневно по неколкупати ја користиме влезната врата, а може и да се случи воопшто да не забележиме дека таа е извалкана.
Овој дел од домот честопати може да има флеки од дланки, од влага, а претставува вистински расадник за бактерии.
Верувајте дека тие што доаѓаат првпат ќе го забележат токму овој ситен детаљ.
Нечисти прозорци
Нормално секој што ќе дојде сака да види каков поглед имате од домот, а прозорците што не се исчистени подолго време и на кои има дамки и нечистотија го отежнуваат тоа.
Мирисот на вашиот дом
Велат дека мирисот тесно е поврзан со емоциите. Така ако вашиот дом мириса непријатно тоа може да предизвика неубави емоции кај вашите гости.
Нечисти крпи
Понекогаш вашите гости имаат потреба да одат во тоалет, а никој не сака да ги брише рацете од нечиста крпа. Без разлика дали бањата е убаво уредена или не, верувајте дека дизајнот ќе остане во сенка на нечистата крпа.
Нечисти подови
Можеби сметате дека никој нема да забележи, но ако гостите ги соблечат чевлите, тогаш сигурно ќе забележат дека подот не ви е чист, па дури и ако немате видливи трошки насекаде.
Нечиста трпезариска маса
Никој не сака да седне на маса што наликува на минско поле. Лепливите дамки на масата, нечистите садови и големиот број ситници што не им е местото на масата, оставаат впечаток дека сте непедантна личност.
Книги
Некои луѓе обрнуваат многу повеќе внимание на тоа што го имате на полиците отколку на тоа што имате по подот.
Вашиот избор на книги говори многу за вас како личност, па така лошо организираната библиотека со лошо нафрлани и неорганизирани наслови остава лош впечаток за вас.
Б. С. Б. | Црнобело