Кои трендови за уредување доминираат оваа сезона, а кои се застарени, според дизајнери на ентериер?
Заборавете на декорации со зборови
Сликите и украсите со цитати скоро никогаш не изгледаат добро и прават просторијата да изгледа како детска соба.
Подобро заменете ги со уникатни украси или уметнички дела кои ќе создадат пријатна атмосфера во домот.
Не трошете пари на сезонски декорации
Наместо секоја сезона да трошите пари за сезонски декорации, украсете го домот со класични детали.
Односно, инвестирајте во декорации кои ќе можат да стојат подолго време, а не само месец-два.
Секако, слободно менувајте ситници во зависност од сезоната, како цвеќе, но кога станува збор за поскапи декорации, подобро е да купите нешто што ќе може да стои изложено подолго време.
Минималистичкиот ентериер нема топлина
Минималистичкиот ентериер можеби изгледа уредно, но веројатно нема да се чувствувате удобно во таква просторија.
Покрај тоа, некогаш е невозможно постојано да ви биде средено, особено ако немате каде да ги ставите работите или ако имате деца.
Топли нијанси наместо бела боја
Белиот мебел може да изгледа добро, но не е воопшто практичен и ќе треба постојано да го чистите.
Од друга страна, кафеавите нијанси му даваат топлина на домот.
Спирова С. | Црнобело