Детали во дневната соба за кои вреди да дадете повеќе пари, според дизајнери на ентериер

Гарнитурата за седење е „главниот“ дел на дневната соба, па нема да погрешите ако одвоите повеќе пари од буџетот за неа.

detali-vo-dnevnata-soba-za-koi-vredi-da-dadete-povekje-pari-spored-dizajneri-na-enterier-001.jpg

Без разлика дали целосно ја реновирате дневната или сакате да направите само мали промени, има неколку детали за кои вреди да дадете повеќе пари.

Овие детали имаат најголемо влијание врз изгледот на просторијата и доволно е да промените само еден-два за да го направите просторот поубав и попријатен.

Секако, не мора да давате мало богатство за секој од овие детали, но нема да погрешите ако платите повеќе за еден или два.

За Insider, неколку дизајнери на ентериер откриваат за кои детали во дневната вреди да потрошите повеќе:

Гарнитура за седење

Гарнитурата за седење е најважниот дел од дневната соба, па вреди да одвоите повеќе пари од буџетот за неа.

Важно е гарнитурата да биде удобна, но и добро да се вклопува во просторот.

Бидејќи ова е можеби најголемото парче мебел во дневната соба, можете да го купите прво, па потоа да додавате елементи што ќе се вклопуваат со неговиот изглед.

detali-vo-dnevnata-soba-za-koi-vredi-da-dadete-povekje-pari-spored-dizajneri-na-enterier-02.jpg

Фотелји за уникатен изглед

Покрај гарнитурата за седење, вреди да купите и една-две фотелји. Препорачливо е да бидат со различна боја и дезен, така што ќе создадат контраст и ќе го освежат просторот.

Всушност, ако не сакате да ја менувате гарнитурата, но сакате нов изглед на дневната, можете да го постигнете тоа само со вакви фотелји. 

detali-vo-dnevnata-soba-za-koi-vredi-da-dadete-povekje-pari-spored-dizajneri-na-enterier-03.jpg

Квалитетен тепих

Тепихот е секогаш подобар избор од „голи“ подови – покрај тоа што ѝ дава посебен изглед на собата, значително го олеснува чистењето бидејќи ја „впива“ прашината од просторот.

Ако одберете гарнитура со една боја, препорачливо е да купите тепих со впечатлив дезен. И обратно – ако гарнитурата има некаков дезен, одберете тепих во една боја.

detali-vo-dnevnata-soba-za-koi-vredi-da-dadete-povekje-pari-spored-dizajneri-na-enterier-04.jpg

Озвучување

Ако уживате во гледањето филмови, ако честопати пуштате музика кога сте во домот и слично, вреди да вложите во добро озвучување.

detali-vo-dnevnata-soba-za-koi-vredi-da-dadete-povekje-pari-spored-dizajneri-na-enterier-05.jpg

Масичка

Покрај гарнитурата, масата е дел од дневната што привлекува многу внимание. Всушност, масата е како центарот на дневната соба, па слободно одвојте повеќе пари од буџетот за неа.

detali-vo-dnevnata-soba-za-koi-vredi-da-dadete-povekje-pari-spored-dizajneri-na-enterier-06.jpg

Светло

Со вистинското светло драстично ќе го подобрите изгледот на целата соба.

Најдобро е да имате повеќе извори на светлината во собата – покрај таванската сијалица, купете и подна или столна ламба.

detali-vo-dnevnata-soba-za-koi-vredi-da-dadete-povekje-pari-spored-dizajneri-na-enterier-07.jpg

Декоративни перници

Ако немате голем буџет или не сакате да купувате нова гарнитура, можете да ја освежите со декоративни перници.

Не мора да купувате многу скапи перници, туку дајте повеќе пари за навлаките. Купете едни за летната сезона, направени од потенок материјал, и едни за постудените месеци од подебел материјал.

detali-vo-dnevnata-soba-za-koi-vredi-da-dadete-povekje-pari-spored-dizajneri-na-enterier-08.jpg

Ароматични свеќи

Ако сакате само малку да го освежите просторот, доволно е да додадете само неколку ситници, како ароматични свеќи.

Овие свеќи не само што го подобруваат изгледот на собата, туку мирисаат одлично и создаваат пријатна атмосфера.

detali-vo-dnevnata-soba-za-koi-vredi-da-dadete-povekje-pari-spored-dizajneri-na-enterier-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Парче мебел што го има насекаде: Заоблени фотелји и табуретки како крзно на бело мече Фотелји со табуретки за во дневна соба, но и детски фотелји и столчиња за во ход...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg