7 нови трендови за уредување дневни соби за 2022-ра (и три застарени)
Минималистичкото уредување повеќе не е хит, додека пастелните и кафеавите тонови се најпосакувани за во дневна соба.
Трендовите за уредување постојано се менуваат, а изгледа во последно време се дава предност на функционалното и практично уредување.
Односно, иако е важен и изгледот на просторијата, исто важно е и дали целиот простор е паметно искористен, дали мебелот е квалитетен и колку е практичен.
За Insider, неколку дизајнери на ентериер споделуваат кои трендови за уредување ќе бидат хит годинава, а на кои е време да заборавиме.
Нивните совети во продолжение:
Пастелните бои стануваат уште попопуларни
Наместо неутралните сиви, пастелните нијанси изгледаат многу подобро, а периодов можеби најпопуларни се розовите тонови.
Пастелните бои се одличен начин да ја освежите дневната соба, без тоа да биде кич.
Кафеави парчиња мебел
Ако не ви се допаѓаат пастелните бои, можете да ги замените со кафеави нијанси кои му даваат топлина на просторот.
Најдобро е кафеавата боја да ја користите за мебелот во дневната, но и завесите.
Квалитетни и издржливи ткаенини
Иако можеби поквалитетните ткаенини се и поскапи, според дизајнерите вреди да вложите во нив.
Во овие ткаенини, кои можат да бидат дел од тапацираниот мебел, тепихот или завесите, спаѓаат волна, кожа и слично.
Табуретките се голем хит
Табуретките можат да се вметнат во секакви дневни соби и покрај тоа што ја освежуваат просторијата, во собата додаваат и уште едно место за седење без да зафатат многу простор.
Асиметрични декорации
Огледала со необична форма, „неправилно“ наредени рамки, украси со чудни форми – сè што може да се нарече асиметрично доминира во овогодишните трендови за уредување дневни соби.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





