Маја Кикириткова совршено ја уреди детската соба на ќеркичката – катче за читање, винтиџ магија (видео)
„И конечно собата на Ева е готова... Магија, магија и многу магија“, напиша Маја Кикириткова во описот на видеото од детската соба на нејзината ќерка Ева.
Дизајнерката Маја Кикириткова на својот Инстаграм профил неретко споделува детали од уредувањето на ентериерот на својот дом.
Во семејната куќа во скопската населба Ѓорче Петров, каде живее со сопругот и двете деца, има низа уникатни детали, како што е белиот под направен со специјална техника на лиење со цемент.
Сега, Маја откри дека конечно е готово и уредувањето на детската соба на нејзината ќеркичка Ева.
Синот Лазар веќе има свое мало царство, а сега и малата Ева ќе има катче само за себе.
Уредувањето има некоја винтиџ магија во себе, а особено внимание привлекува малото катче за читање книги покрај прозорецот.
„И конечно собата на Ева е готова... Магија, магија и многу магија“, напиша Маја Кикириткова во описот на видеото од детската соба на Ева.
Видео прошетка низ собата на малата Ева:
Прочитајте и Во домот на Маја Кикириткова: Семејна куќа во Скопје во која доминира златната боја (фото)
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





