Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Маја Кикириткова за уредувањето на домот: „И во купатилото немаме плочки - многу е олеснето за чистење“

„И во купатилото, плочки немаме, па чистењето е ептен олеснето. Само топла вода и сапун, или средства на природна база, без хемикалии, бидејќи самиот под не трпи и може да се уништи. Нема фуги за рибање...“, открива Маја Кикириткова.

maja-kikiritkova-so-novi-detali-od-ureduvanjeto-na-domot-i-vo-kupatiloto-nemame-plochki-mnogu-e-olesneto-za-chistenje-01.jpg

Модната дизајнерка Маја Кикириткова Трајковски постојано на својот Инстаграм профил споделува детали од уредувањето на нејзиниот дом.

Откако откри дека во дневната соба и кујната никаде нема ставено плочки, сега вели дека истото го сторила и во бањата.

Токму овој детаљ многу ѝ го олеснило одржувањето на домот.

Во својата објава Маја Кикириткова вели:

„Пред некој период напоменав дека дома имаме користено микро цемент техника за подот. Истата техника ја имаме ставено и во купатилото, плочки нема, па чистењето е ептен олеснето.

Само топла вода и сапун, или средства на природна база, без хемикалии, бидејќи самиот под не трпи и може да се уништи. Нема фуги за рибање, сè е минимал, бело и чисто.

И ѕидовите се поминати со истата техника, па кога се ствара пареа не ги оштетува. На едниот страничен ѕид има ставено Terra Nostra Spaccante техника, со златни пукнатини.“

Погледнете како комплетно изгледа нејзиниот дом Во домот на Маја Кикириткова: Семејна куќа во Скопје во која доминира златната боја (фото)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
7 грешки што треба да ги избегнувате за домот да ви делува „топло“ во есен Користите само светли бои и имате само еден извор на светлина – кои грешки да ги...
6 трендови за уредување што ќе доминираат во 2025-та, според дизајнери на ентериер Детали во црвена како цреша, но и риги на завесите, тепихот, перничињата… Кои тр...
Во домот на Тео: „Работната маса во дневната беше промашување, проекторот во спалната соба е полн по... „Спалната соба доби големо редизајнирање. Работното биро сега е фиксирано и заме...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg