7 работи кои мора да ги имате предвид пред да купите нов мебел

Не заборавајте да го измерите просторот и однапред да размислите во каков стил сакате да ја уредите просторијата пред да го купите мебелот.

7-neshta-shto-mora-da-gi-imate-predvid-pred-da-kupite-nov-mebel-01.jpg

Купувањето нов мебел може да биде вистински предизвик и воопшто не е лесно да ги најдете совршените елементи за вашиот дом. Но, со малку планирање однапред лесно ќе ги избегнете грешките и ќе го направите вистинскиот избор.

Кои работи мора да ги земете предвид пред да купите нов мебел?

Измерете ја просторијата

Не заборавајте внимателно да ја измерите просторијата за којашто купувате мебел. Притоа измерете го и просторот каде што планирате да стои секое парче мебел за приближно да знаете колку простор ќе ви зафати.

Некогаш и само еден сантиметар може да ви направи голема разлика, што значи мерењето е клучно.

7-neshta-shto-mora-da-gi-imate-predvid-pred-da-kupite-nov-mebel-02.jpg

Обрнете внимание на стилот на просторијата

Пред да купите мебел, размислете во каков стил планирате да ја уредите просторијата.

Немојте да купите гарнитура само затоа што ви е убава во продавница, за кога ќе ја ставите во дневната воопшто да не се вклопува со ѕидовите, подот и слично.

Имајте на ум дека ако ѕидовите имаат тапети или впечатлива боја, подобро ќе биде да одберете мебел со понеутрална боја. Ако ѕидовите се бели, можете да ја освежите просторијата со мебел со поживи бои.

7-neshta-shto-mora-da-gi-imate-predvid-pred-da-kupite-nov-mebel-03.jpg

Нацртајте го распоредот на мебелот

Не треба да сте архитект за самите да си направите скица за распоредот на мебелот.

Оваа скица ќе ви помогне да одредите дали некое парче мебел ќе се вклопи во просторот уште пред да го купите.

7-neshta-shto-mora-da-gi-imate-predvid-pred-da-kupite-nov-mebel-04.jpg

Гледајте го мебелот како инвестиција

Добро би било да дадете и некој денар повеќе за поквалитетен мебел бидејќи сигурно ќе сакате да ви трае многу години. 

Исто така, размислете за условите во вашиот дом пред да купите што било.

Ако, на пример, имате мачка, имајте на ум дека кожената гарнитура не е најдобар избор бидејќи може да ја изгребе. Ако, пак, имате мали деца, имајте на ум дека сосема возможно е да истурат нешто на тепихот или гарнитурата, па подобро избегнувајте бели теписи.

7-neshta-shto-mora-da-gi-imate-predvid-pred-da-kupite-nov-mebel-05.jpg

Не заборавајте на удобноста

Кога станува збор за гарнитура, кревети и столчиња, удобноста сепак треба да биде најважна.

Па, немојте да купите стол или фотелја само затоа што изгледаат убаво, за потоа да не сакате да седнете на нив.

7-neshta-shto-mora-da-gi-imate-predvid-pred-da-kupite-nov-mebel-06.jpg

Не купувајте сè одеднаш

Нема потреба одеднаш да го купите целиот мебел и сите декорации во домот.

Најпрво купете ги големите елементи, па потоа полесно ќе воочите кои декорации, украси и слично ќе изгледаат најдобро во просторијата.

7-neshta-shto-mora-da-gi-imate-predvid-pred-da-kupite-nov-mebel-07.jpg

Впечатливите бои и дезени оставете ги за ситните детали

Наместо да купите шарена гарнитура, подобро е да купите еднобојна, па на неа да ставите шарени прекривки или перници. Следете го ова правило за сите поголеми парчиња мебел.

На овој начин ќе имате повеќе простор за менување ако некогаш посакате да ја смените бојата на ѕидовите, бојата на тепихот или слично.

7-neshta-shto-mora-da-gi-imate-predvid-pred-da-kupite-nov-mebel-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 трикови со кои со малку пари ќе му дадете доза на стил и елеганција на домот Завеси од кадифе, книги со кои ќе му дадете лична нота на просторот - како со ма...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
Како да му го подобрите изгледот на стариот (и евтин) мебел, без да потрошите многу пари? Скријте ја старата гарнитура со убави прекривки и декоративни перници, а стаклен...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg