Зимска идила: Новогодишни дневни соби со камини кои ќе ви ги згреат срцата
Иако огништата деновиве речиси исчезнаа од нашите домови, тие сè уште се желба за многумина и претставуваат синоним за зимски спокој.
Честопати знаеме да си замислиме како седиме покрај каминот во студените зимски вечери, убаво се загреваме додека огнот тивко крцка, со топол пијалак и книга - звучи прекрасно, зарем не?!
Ништо не внесува толку многу топлина и слатка романса во домот како каминот, кој дури и на најмодерниот простор му дава допир на антички шарм.
И навистина, има ли нешто поубаво во зима од сцената на накитената елка и каминот во кој гори светлина која ја топли душата.
Во пресрет на зимските денови во продолжение за вас издвоивме идилични фотки од дневни соби со камини кои ќе ви ги згреат срцата: