9 трикови за уредување на ентериерот од домовите во Данска
Данците го сакаат ретро стилот и винтиџ работите. Без разлика дали станува збор за некое уникатно огледало или стар куфер адаптиран како ноќна масичка, тие не штедат на антиквитети.
Години наназад скандинавскиот стил на уредување на домовите е инспирација за сите и често тој се поврзува со минимализам и бела боја.
Сепак, домовите во Данска во последните години покажуваат дека некои работи се сменети.
Оттаму дефинитивно може да црпите инспирација за уредување на ентериерот и да искористите некој трик.
Трикови за уредување на ентериерот од домовите во Данска:
Колку повеќе светлина, толку подобро
Тие сакаат многу ламби и секогаш ставаат повеќе извори на светлина во домот, си палат свеќи и во многу домови има камини.
Акцент на одредено парче мебел со силна боја во дневната соба
Данците најчесто користат неутрални бои во ентериерот како бела, сива, крем и тоа секогаш со доминација на белата, но не се плашат да додадат некое парче во силна боја, како жолт кауч на пример или зелено столче.
Практичен и функционален мебел
Во многу дански домови може да видите орманчиња за чевли од подот до таванот. Тие сакаат функционално да го искористат секој сантиметар простор во нивниот дом.
Фокус на текстурата
Тие бираат неутрални бои на прекривки и килими, но обрнуваат големо внимание на текстурата и квалитетот на материјалот.
Љубов кон антиквитети
Данците го сакаат ретро стилот и винтиџ работите. Без разлика дали станува збор за некое уникатно огледало или стар куфер адаптиран како ноќна масичка, тие не штедат на антиквитети.