6 трикови со кои ќе ја претворите долгата и тесна просторија во удобно катче
Вистински предизвик е да уредите соба која повеќе наликува на ходник, отколку на дневна или спална соба. Но, има многу одлични решенија и во овој случај.
Треба да обрнете внимание на само неколку ситници за да ја претворите долгата и тесна соба во удобно катче.
Погледнете кои:
Ставете мебел покрај сите ѕидови
Наместо да го наредите мебелот на крајот од собата, распоредете некои работи и по страничните ѕидови. Со ова ќе се исполни просторот и собата нема да изгледа како долг ходник.
Комбинирајте ги дезените на ѕидовите
Избегнувајте ги белите ѕидови во долги простории. Ако сакате просторот да изгледа поудобно, можете да ги бојадисате двата спротивни ѕидови со различни бои. Уште подобро ако ставите и тапет на едниот од нив.
Исполнете го просторот
Исполнете го просторот со украси и декорации како камин, столна ламба и слично. Добро би било и, доколку одговара, во центарот да ставите масичка која ќе биде како фокус на просторијата.
Поделете ја собата
Ако станува збор за многу долга просторија, зошто да не ја поделите? Нема потреба да доградувате ѕидови туку, на пример, едниот дел дека нека биде дневна соба, а другиот катче за читање.
Ставете лустер
Големиот впечатлив лустер ќе направи просторијата да изгледа поудобно и визуелно ќе ја намали нејзината должина.
Слободно додајте и столни или подни ламби за да го исполните просторот од страните.
Избегнувајте го паркетот
Паркетот ќе направи собата да изгледа уште подлога и уште потесна. Ако станува збор за кујна, одберете плочки со интересни форми и дезени, а секогаш можете да ставите и ламинат.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





