Дизајнер за ентериер испраќа апел: „Ве молам престанете сите да ставате бели кујни!“
„Јас сфаќам кои се аргументите за изборот на оваа боја, како тоа што белата боја го отвора просторот, но морам да кажам дека недостига оригиналност“, порачува Кевин Изабел, дизајнер за ентериер од Лос Анџелес.
Кевин Избел е дизајнер за ентериер од Лос Анџелес, кој на Инстаграм постојано ги промовира своите дела.
Тој вели дека му е преку глава од тоа што сите луѓе ставаат бели кујни затоа што од класика тие се претвориле во клише.
Кевин открива дека е комплетно неинспириран кога станува збор за белите кујни и ги моли луѓето да додадат карактер во своите кујни преку примена на некоја друга боја или барем додавање на печат со некој дел од кујната во посилна боја.
„Јас сфаќам кои се аргументите за изборот на оваа боја, како тоа што белата боја го отвора просторот, но морам да кажам дека недостига оригиналност. Навлеченоста на бели кујни како да започна од филмот од 2003 година Something’s Gotta Give каде видовме убава, голема, исполнета со светлина, бела кујна.
Оттогаш како да започна револуција, а сите клиенти почнаа да бараат кујна што личи на таа. Насекаде почнаа да се произведуваат комплетно бели кујни“, вели Кевин и се жали дека неговата работа е загрозена затоа што клиентите не му дозволуваат да се инспирира од нив и во дизајнот на кујната да прикаже верзија од нив.
Something’s Gotta Give
„Сакам да ги инсприрам луѓето да пробаат нешто ново и нешто што ќе ги претставува нив, а не само слепо да следат тренд. Наместо да бираат исти плочи и орманчиња, зошто да не додадат кујнски остров во силна боја или да додадат боја на таванот во кујната на пример?
Пронајдете нешто што вашата кујна ќе ја направи уникатна и ќе биде поинаква од таа на соседите во станот до вас.
После сѐ вашиот дом треба да биде одраз на тоа кои сте вие како личност и што цените најмногу. Јас само сакам да ја уредите кујната така“, вели Кевин.
Ако и вие сакате да направите промена од белата кујна, но немате идеја, инспирирајте се - Комбинации на бои кои најмногу одговараат за стилско уредување на кујна
С. С. | Црнобело