Евтина трансформација на домот во 8 чекори
Кој не сака да живее во голема и добро средена куќа или стан?
За жал, повеќето не можат да си го дозволат ова, па го одложуваат реновирањето за некогаш во иднина.
Но, всушност не ви е потребно цело богатство за да го претворите домот во вистинска оаза.
Погледнете како да го трансформирате и реновирате домот за мала сума пари:
Ослободете се од сите непотребни работи
Ако одамна не сте го реновирале домот, веројатно уште го користите тепихот што го оставила баба ви, нејзината стара покуќнина и нејзините стари украси.
Најпрво, ослободете се од сè што е непотребно или неупотребливо. Продајте ги, подарете ги или фрлете ги сите работи што не ги сакате.
Се разбира, немојте да ја фрлате покуќнината, бидејќи веројатно не сте во состојба да купите нова.
Малите предмети што сакате да ги чувате, најдобро е да ги складирате во кутии. На овој начин, домот нема да изгледа натрупано, а со тоа нема да изгледа и премногу старо.
Нема да погрешите со светли ѕидови без дезени
Ѕидот со светла боја лесно ќе го вклопите во секој ентериер, без потреба да ја менувате целата покуќнина.
Денес нема ни потреба да викате мајстори за варосување и самите можете да го варосате домот.
Иако ова можеби ќе биде најтешката задача во реновирањето, веднаш ќе ја забележите разликата после белењето.
Одберете бои
Сега кога имате бели ѕидови, можете да ја одберете која било боја која ќе преовладува во ентериерот.
Добро размислете кои бои на завеси и слично најдобро ќе се вклопат со покуќнината што веќе ја имате.
На пример, оваа просторија има неколку стари елементи, но сепак изгледа модерно. Завесите и перничињата со светло розова боја ја прават целата разлика.
Средете го стариот мебел
Кога немате пари за нов мебел, секогаш можете да го „нашминкате“ стариот.
Дури и ако мебелот не е во најдобра состојба, само со фарбање можете да направите огромна разлика.
Одберете ја бојата што најдобро ќе се вклопи во просторијата и фатете се за работа.