Идеи како да го претворите дворот во летна рајска дестинација

Доколку ова лето немате време за одмор, сигурно ќе поминувате многу време во вашиот двор. Па тогаш зошто да не го претворите во вашата омилена летна дестинација? 

pretvorete-go-vashiot-dvor-vo-vashata-omilena-letna-destinacija-01.jpg

Во продолжение погледнете неколку одлични идеи за летно средување на дворот:

Наместете вентилатор на отворено

Ова лето преместете го комфорот од домот во вашиот двор. На таванот од терасата или тремот инсталирајте вентилатор што ќе го освежува воздухот. Дополнете го просторот со интересна масичка и столици и веќе имате мала дневна на отворено.

pretvorete-go-vashiot-dvor-vo-vashata-omilena-letna-destinacija-02.jpg

Закачете лулашка

Без разлика на возраста, нема личност којашто не сака да седи на лулашка. Па ова лето набавете една за вашиот двор, а можете и да се обидете да ја направите самите.

pretvorete-go-vashiot-dvor-vo-vashata-omilena-letna-destinacija-03.jpg

Зголемете ја приватноста со ограда

Доколку ви пречи друштвото на соседите, можете да го решите проблемот со ограда. Разбудете ја вашата креативност и зголемете ја приватноста во дворот со дрвена или „жива“ ограда.

pretvorete-go-vashiot-dvor-vo-vashata-omilena-letna-destinacija-04.jpg

Вода за релаксирачки звуци

Малата фонтаната ќе ви помогне да ги пригушете несаканите звуци од улицата или соседите. Можете да купите некоја мала фонтана, или пак самите да си ја направите.

pretvorete-go-vashiot-dvor-vo-vashata-omilena-letna-destinacija-05.jpg

Трпезарија на отворено

На еден дел од дворот поставете масичка и 2-3 столчиња и направете го ова простор за јадење.

pretvorete-go-vashiot-dvor-vo-vashata-omilena-letna-destinacija-06.jpg

Светилки

Светилките не се само за новогодишните елки. Можете да ги поставите и во вашиот двор и да создадете навистина топла и пријатна атмосфера.

pretvorete-go-vashiot-dvor-vo-vashata-omilena-letna-destinacija-07.jpg

Стреа или шатор

За сончевите денови поставете стреа или шатор во вашиот двор. Потоа постелете нешто на земјата, додајте неколку перници и ќе имате совршено место за релаксирање.

pretvorete-go-vashiot-dvor-vo-vashata-omilena-letna-destinacija-08.jpg

Бар

Наместо постојано да влегувате во домот по пијачка, направете си мал бар во дворот. Најдете некоја стара полица, наредете ги омилените пијалаци, донесете многу мраз и подготвени сте за забава.

pretvorete-go-vashiot-dvor-vo-vashata-omilena-letna-destinacija-09.jpg

Када за разладување

Нема потреба да правите базен. Најдете некоја стара када, бојадисајте ја по ваша желба и потоа само наполнете ја со цревото. Ова е одличен начин да се разладите, а да потрошите малку пари.

pretvorete-go-vashiot-dvor-vo-vashata-omilena-letna-destinacija-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 предмети кои ќе му дадат доза на луксуз и на наједноставно уредениот дом Апстрактна слика во 2 или 3 дела за луксузен изглед на домот, необичен раскошен ...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
4 трендови за уредување на двор што се хит сезонава (и 3 кои се демоде) Наместо пластични вазни за цвеќиња, изберете керамички со рустикален изглед, а г...
Идеи за декорирање со кои ќе ја внесете пролетта во домот, без многу пари Свежо цвеќе, мирисливи свеќи и декортивни перници со „весели“, пролетни мотиви.....
Спој на луксуз и свежина – Идеи како да ја уредите бањата со зелени плочки (фото) Зелената боја смирува, а лесно се вклопува во бањата бидејќи изгледа одлично со ...
Како да му го подобрите изгледот на стариот (и евтин) мебел, без да потрошите многу пари? Скријте ја старата гарнитура со убави прекривки и декоративни перници, а стаклен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg