Трикови со кои кујната ќе изгледа полуксузно, без многу труд и пари

Доколку немате време и пари за реновирање на кујната, овие трикови ќе ви помогнат да ја освежите, а да не го оштетите семејниот буџет.

Trikovi_so_koi_kujnata_kje_izgleda_poluksuzno_bez_mnogu_trud_i_pari-01.jpg

Реновирањето на кујната е нешто што многумина го избегнуваат и одложуваат со години.

Сепак, постои начин како да направите вашата кујна да изгледа полуксузно и поубаво без да вложите многу труд, па дури и пари.

Трикови што ќе ви бидат од корист:

Бојадисајте ја кујната во неутрална или темна боја

Ако сакате вашата кујна да изгледа скапо, заборавете на силните, продорни бои.

Одберете некоја нијанса од вонвременската, класична палета како што се која било неутрална нијанса или потемните нијанси како темнокафеава, црна, тегет, темнозелена...

Ако сметате дека темните нијанси се премногу екстравагантни, држете се до класичните нијанси како сивата, белата и крем.

Обрнете внимание на прозорците

Голите прозори изгледаат недовршено, но ако ги украсите со симпатични завеси, драперии, зебра или роло завеси, ќе оставаат многу поинаков и поубав впечаток.

Не само што ќе добиете приватност, туку тие и ја филтрираат сончевата светлина и ќе го направат просторот полуксузен.

Пополнете го просторот меѓу елементите и таванот

Ако буџетот не ви дозволува во целост да ја обновите кујната, почнете со мала промена на кујнските елементи.

Освежувањето или промената на бојата е првиот чекор, а потоа можете да се обидете со уште еден трик - продолжете ја нивната висина, така што ќе го достигнат таванот.

Овој трик прави просторот да делува луксузно.

Постојат неколку начини како да го примените овој трик, односно да го пополните просторот меѓу врвот на елементите и таванот.

Можете да додадете уште еден ред елементи, да го пополните со едноставни украси или да додадете декоративни, украсни лајсни.

Заменете ги рачките на елементите

Ова е лесен и евтин начин да го промените изгледот на својата кујна.

Одберете некои елегантни и модерни рачки, кои ќе дадат софистицираност на целиот простор.

Во моментов златната и црната боја се во тренд кога станува збор за рачките.

Обрнете внимание на осветлувањето

Впечатливото осветлување е сигурен, а едноставен начин вашата кујна да изгледа поскапо и поинтересно.

Изберете и ламби или лустери во ретро стил кои делуваат софистицирано и елегантно.

Покрај вообичаеното светло, размислете да додадете и „скриено“ осветлување кои ќе го подобри амбиентот, но ќе ви помогне и при подготвувањето на храната и средувањето на кујната.

Тоа може да биде вградено осветлување под кујнските елементи.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
11 трикови со кои со малку пари ќе му дадете доза на стил и елеганција на домот Завеси од кадифе, книги со кои ќе му дадете лична нота на просторот - како со ма...
9 трикови како есенски да го декорирате вашиот дом (нема да ви се излегува) Од свеќи во форма на тиква, послужавници од дрво, есенско цвеќе до пернички и ќе...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
Хотелот во Париз кој секоја девојка сонува да го посети (фото) Со винтиџ огледала, кристални лустери и камин... Хотел кој ќе ви даде чувство де...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg