Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Новата лимитирана колекција на ИКЕА е експлозија на шаренила

Колку и да сме вљубени во скандинавскиот минимализам, понекогаш е добро да се заборави на сé што е бело, кристално јасно и пастелно и да се заврти копчето за 180 степени.

Novata-limitirana-kolekcija-na-IKEA-e-eksplozija-na-sharenila-01.jpg

Новата лимитирана колекција на ИКЕА насловена „AVSIKTLIG“ го има на ум токму тоа и е наменета за сите храбри модерни луѓе кои не се плашат од смели дезени и многу бои.

Тројца млади дизајнери од ИКЕА во партнерство со култните членови на 10-gruppen познати по неверојатните текстилни дизајни ја направија новата колекција која вклучува 14 различни дезени, кои ИКЕА ги вклопи во постелнини, перничиња, софи, кутии, теписони.

10-gruppen го претставува најдоброто од скандинавската дизајнерска историја – демократски идеи, естетска иновација и непоразено чувство за материјали. Нивниот стил на дизајнирање не остарел воопшто, тој е младешки, радикален и смел, исто како што бил во ’70-тите додека групата работела најмногу.

Но, овој мебел не предизвикува носталгични чувства туку соработката се однесува на иднината, докажувајќи дека е сосема возможно да се прославува историјата, а таа да изгледа супер модерно.

Погледнете ја новата колекција шаренила на ИКЕА:

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 најчести грешки во уредувањето на домот, според дизајнери на ентериер Прво ја избирате бојата на ѕидовите и го трупате просторот со многу украси и дез...
Грешки во уредувањето поради кои домот секогаш ви изгледа хаотично Купувате мебел кој е тежок за одржување и ги оставате ѕидовите бели – кои грешки...
Празничниот дом на Кендал Џенер е како од бајка - Традиционален и поскромен отколку на нејзините сес... Празнично уредениот дом на Кендал во Лос Анџелес не е екстравагантен како домови...
20 идеи како да ја уредите собата на вашата ќерка тинејџерка (фото) Прво и најважно правило кога ја преуредувате собата на вашата ќерка тинејџерка е...
Грешки кои ги правите при избирање осветлување за домот Не е важно само да ставите светилки во домот, туку клучно е да откриете каква св...
Новогодишна бајка во кафуле во Вевчани - Фиќо полно мечиња, украсена телефонска говорница И овојпат кафулето „Club ZI“ е совршено сезонски украсено. Од надворешниот до вн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg