Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Грешки кои ги правите при избирање осветлување за домот

Не е важно само да ставите светилки во домот, туку клучно е да откриете каква светлина ви е потребна во одредена просторија, дали има извор на природна светлина или не. Секако, секоја соба не е со иста намена, па погледнете неколку грешки на кои треба да обрнете внимание.

greshki-koi-gi-pravite-pri-izbiranje-osvetluvanje-za-domot-na-koi-treba-da-vnimavate-01.jpg

Осветлувањето може да игра голема улога во целокупниот дизајн на вашата соба. Без разлика дали станува збор за кујна, дневна или спална соба, осветлувањето е важно и треба да обрнете внимание.

Кога ќе треба да одлучите какво осветлување да поставите, треба да земете предвид неколку фактори, како што е колку природна светлина има на тоа место, за што се користи просторијата и слично.

При донесувањето ваква одлука, треба да избегнете неколку грешки:

Не обрнувате внимание на тоа колку е моќноста на светилката

Изборот на вистинска моќност за вашиот уред не само што гарантира дека ќе направите енергетски ефикасен избор, туку и безбеден.

Ако изберете сијалица со преголема моќност, односно повеќе вати, тоа може да предизвика оштетување на приклучокот и да дојде до прегревање, со зголемен потенцијал за пожар.

Постапувајте безбедно и секогаш внимавајте на тоа колку вати е светилката.

greshki-koi-gi-pravite-pri-izbiranje-osvetluvanje-za-domot-na-koi-treba-da-vnimavate-03.jpg

Не обрнувате внимание на температурата на бојата

Кога ќе избирате светилка за во одредена просторија, треба да обрнете внимание на тоа за што е наменета таа просторија.

На пример, за спални, дневни соби и трпезарии, подобро е да изберете потопла светлина. За простории како кујна, домашна канцеларија или бања, поладната светлина ќе ви даде поенергично чувство.

greshki-koi-gi-pravite-pri-izbiranje-osvetluvanje-za-domot-na-koi-treba-da-vnimavate-04.jpg

Добро е да користите контролор на светлината

Освен претходните совети, добро е да користите и контролор на светлината, односно, копче со кое ќе можете да си дозволите поосветлен изглед во текот на денот, а во текот на ноќта да ја намалите светлината.

Секако, ова можеби нема да ви биде потребно во секоја соба, но може да биде корисно во простории како што е трпезарија, дневна или спална соба.

greshki-koi-gi-pravite-pri-izbiranje-osvetluvanje-za-domot-na-koi-treba-da-vnimavate-07.jpg

Користите само еден вид осветлување

Важно е да користите мешавина од светилки, надземно осветлување, подни светилки, ламби на скалите…

Имањето повеќе од еден вид извор на светлина во просторијата, дава подобра димензија и топлина, а и флексибилност за тоа како да го осветлите просторот за различни прилики.

greshki-koi-gi-pravite-pri-izbiranje-osvetluvanje-za-domot-na-koi-treba-da-vnimavate-02.jpg

Не ја земате предвид природната светлина

Погледнете кој дел од денот вашиот простор е најсветол, од кои прозорци има најмногу природна светлина и одредете до кои агли не допира природната светлина, па така испланирајте го типот и начинот на осветлувањето.

greshki-koi-gi-pravite-pri-izbiranje-osvetluvanje-za-domot-na-koi-treba-da-vnimavate-05.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

5 грешки во уредувањето на домот (кои прават да изгледа евтино) Ако штедите на лустерите или ако тие се убави, но не даваат убаво осветлување, т...
Во домот на Тео: „Работната маса во дневната беше промашување, проекторот во спалната соба е полн по... „Спалната соба доби големо редизајнирање. Работното биро сега е фиксирано и заме...
Хотелот во Париз кој секоја девојка сонува да го посети (фото) Со винтиџ огледала, кристални лустери и камин... Хотел кој ќе ви даде чувство де...
Како да ја уредите спалната соба за да се чувствувате покомотно и порелаксирано? Дрвениот под е елегантен и модерен, но ако сакате дополнителна удобност, ставете...
7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики) Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....
8 идеи за освежување на ентериерот на домот, за малку пари Заменете ги деталите од текстил, како завеси и прекривки, или додајте уште еден ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg