Новиот IKEA каталог за 2017-та година (фото)
„IKEA“ го претстави својот нов каталог за 2017 година во кој се наоѓаат производи кои ќе бидат достапни од 8-ми август 2016-та година.
Овогодишната тема гласи „Goodbye, expectations. Hello, you!“ и има за цел да го промовира слободниот начин на живот и оддалечувањето од традиционалните очекувања на домаќинствата.
Во самиот каталог на повеќе од 300 страници, ќе најдете „нови производи за уредување на домот но и инспирација и паметни решенија за секој дел од домот“, се вели во соопштението.
„Сакаме да им овозможиме на луѓето целосно да се опуштат и да ја прифатат едноставноста на животот и да уживате во слободното време дома, без да водат сметка за ограничувањата кои самите свесно или несвесно сме ги поставила во врска со уредувањето на домот.“
Иако постојат нови производи за секое катче од домот, новиот каталог се фокусира посебно на живот во и надвор од кујната. Од трпезариска маса која може да се користи и како работна маса до целосно преносливи мини кујнски сетови, новата колекција има за цел да се обезбеди сеопфатни и флексибилни производи и начин на живот кој ќе го создадат самите купувачи.
М. С. | Црнобело