Дрво и камен: Идеи како да ги споите овие два материјали во домот
Вештата употреба на природни материјали во внатрешниот дизајн е нешто кон кое секогаш се стремат многу архитекти, пред сè бидејќи претставува навистина голем предизвик дури и за најголемите професионалци.
Тука, во преден план е чистото и неизменето чувство на поврзаност со природата и светот зад бетонот, кој нè опкружува додека сме во своите домови.
Зборот „вешти“ е клучниот збор во овој случај, бидејќи кај ваквите ентериери важни се како квантитетот и квалитетот, така и правилното позиционирање на природните материјали.
Ќе ѕирнеме во внатрешноста на еден релативно мал стан со површина од 50 м², кој е функционално поделен на четири главни делови - катче за спиење, дневна соба, кујна со трпезарија и ходник, а секако тука се и бањата, гардероберот и балконот.
Спалната соба се наоѓа во средината на општата просторија и целата е изградена од една посебна платформа слична на дрвена коцка, кој има за цел да ја оддели спалната од дневната соба. Една од страните на коцката е направена од подвижни дрвени ленти, со помош на кои просторијата може да биде целосно изолирана од дневната соба.
Бањата и гардеробата се во истиот стил како и примарната просторија. Во бањата забележуваме користење на камен и плочи со дрвени текстури.
Кај терасата забележуваме голема практичност - големите прозорци од подот до таванот обезбедуваат доволно сончева светлина, највисоката полица нуди многу простор за складирање, а малата масичка е одлично место за утринското кафе или чаша виски по долгиот работен ден.
М. С. | Црнобело