7 трикови кои ќе го зголемат нивото на среќа во домот

Сигурно ви е познато дека околината влијае на вашето расположение. Неколку минути заглавени во сообраќаен метеж се доволни за да ни предизвикаат фрустрации, додека мирисот на омилената свеќа може веднаш да нѐ релаксира. Ако сте забележале елементи кои влијаат врз вас, а се во вашиот дом, тогаш време е да ги искористите или да ги тргнете.

tajnata-na-dobroto-raspolozhenie-7-trikovi-koi-kje-vi-go-zgolemat-nivoto-na-srekja-vo-domot-001.jpg

Истражувањата покажуваат дека сѐ – од бојата на ѕидовите до количината на природна светлина која влегува во домот, има моќ длабински да го промени начинот на кој се чувствуваме и доволни се неколку мали прилагодувања за да се расположите.

Ако сакате да создадете дом во кој ќе блеска среќа, тогаш применете ги овие 7 совети:

1. Додадете живописни акценти

Психологијата на бои е фасцинантно поле за многу научници кои долго се занимаваат со неа и тоа со добра причина. Истражувањата покажуваат дека изборот на боја може да има сериозно влијание врз вашето расположение.

Според едно данско истражување, учесниците верувале дека жолтата боја предизвикува чувство на среќа, додека научниците на универзитетот Британска Колумбија откриле дека сината боја предизвикува релаксација и креативност.

Ако обојувањето на ѕидовите ви изгледа како премногу екстремно, тога доволно е да додадете сини или жолти акценти преку интересен декор – перници, постелнина, постери, маса, столчиња и сл.


2. Создадете сопствена домашна библиотека

Самата помисла на добра книга и кауч носи чувство на смиреност и хармонија. А, науката се сложува со нас.

Експертите веруваат дека читањето белетристика ја зголемува емпатијата, го намалува нивото на стрес и дури ви помага полесно да заспиете. Всушност, едно британско истражување открило дека 76% од учесниците сметаат дека редовното читање книги ја зголемило нивната среќа.

Ако не сте љубител на книги, тогаш исполнете ги полиците и масата со книги кои се визуелно привлечни. Чувајте ги на лесно достапни места кои ќе ве натераат да ги прелистате, отколку да вклучите телевизор.


3. Направете ѕид со фотографии

Една од тајните на создавање на пријатна околина е толку едноставно што доволно е да ги залепите вашите омилени фотографии. Според истражувачите на англискиот универзитет Ексетер, сликите од пријателите и семејството можат да го редуцираат стресот.

Кога учесниците гледале среќни фотографии од нивни познаници, делот од мозокот кој е задолжителен за страв имал поинаква реакција на застрашувачки фотографии. Просто кажано, една фотографија е доволно моќна за да го промени начинот на кој се справуваме со стрес и страв.

Добра идеја е да ги соберете омилените фотографии од вашето семејство и пријатели и да ги залепите на ѕидовите или во рамки да ги поставите низ целата куќа. Најубаво и најестетски е да создадете ѕид од фотографии. Тоа ќе ве расположи и ќе ве потсети на убавите моменти од животот со саканите.


4. Купете ароматични производи

Сте забележале дека мирисот на омилениот парфем или свеќа може да ви предизвика чувство ан смиреност? Миризбата е способна да го промени вашето расположение, затоа исполнете го домот со пријатни мириси.

Едно истражување од Киото покажува дека мирисот на бор го намалува чувството на анксиозност, а цитрусните ноти ја зголемуваат енергијата и вниманието.

Барајте домашни производи со овошни мириси. Запалете свеќа со мирис на лимон или користете спреј од било кое цитрусно овошје за да се наполните со позитивна енергија.


5. Инвестирајте во домашни забави

Без разлика на низата комплицирани и честопати конфликтни истражувања за среќата, научниците горе-долу се сложуваат дека врските се еден од клучевите на среќата. Социологот Кристин Картер вели дека најважни се личните пријателства.

„Ако барате долгогодишна среќа тогаш земете го во предвид квантитетот и квалитетот на социјалните врски – пријателства, семејни врски, блискоста со соседите и сл. Сето тоа е силно поврзано со доброто на човекот и личната среќа.“

Вистинската среќа доаѓа ако сте опкружени со луѓето кои ги сакате. Инвестирајте во домашни забави. Колку повеќе ги приредувате – толку посреќни ќе бидете!


6. Набавете разни алкохоли 

Надоврзувајќи се на претходната точка, академци од Лондонската школа за економија создале апликација која ги следела нивоата на среќа на 50.000 луѓе. Таа им открила кои активности и усреќуваат учесниците, а кои активности им предизвикуваат стрес.

И имаме добри вести за љубителите на алкохолот. Социјализацијата и пиењето алкохол било во топ 15-те активности кои предизвикуваат среќа.

Повикајте ги пријателите на по една чаша вино, мартини или било кој друг пијалак. Играјте интересни игри со пиење, но сепак внимавајте да не ги преминете границите.


7. Променете ги завесите

Едно истражување на универзитетот Нортвестерн во Чикаго пронашла силна врска помеѓу природната светлина и спиењето, а со тоа и со квалитетот на животот.

Токму затоа време е да ги замените тешките драперии со ленени завеси или да ги отворите прозорците и да го исполните домот со природна светлина. Веднаш ќе почувствувате како расположението ви се подобрува.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 модерни идеи за декорирање на домот со кактуси Предноста од декорирањето на домот со кактуси е тоа што тие не бараат многу нега...
Трендови за уредување кои изгледаат убаво на Инстаграм, но не се практични Лизгачките врати не нудат никаква изолација, а црниот мијалник се валка многу ле...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
20 идеи како да ја уредите собата на вашата ќерка тинејџерка (фото) Прво и најважно правило кога ја преуредувате собата на вашата ќерка тинејџерка е...
20 идеи како да додадете топлина и модерен изглед во домот со дрвени панели (фото) Изгледаат одлично како декорација на мал дел од ѕидот, но слободно можете да пре...
Трендови за уредување на ентериерот во 2024 кои станаа омилени меѓу дизајнерите Ѕидови со текстура, метални украси, сончеви тонови... Иако годината е сè уште на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg