7 идеи за уредување мала кујна, инспирирани од Французинките
Пастелни бои, минијатурна трпезариска маса и високи шкафчиња – како да ја разубавите малата кујна?
Французинките ја ценат едноставноста и практичноста во сè – од мода, до уредување.
Кога е во прашање уредувањето на домот, не следат трендови, туку сакаат нешто со свој личен печат, што ќе го отсликува нивниот карактер.
Притоа, важно е им сè да биде функционално.
Седум идеи за мала кујна како на Французинка:
Пастелни бои
Темните бои го затвораат просторот.
Од друга страна, светлите нијанси го имаат спротивниот ефект и ова ги прави идеални за мали простории.
Белата може да изгледа монотоно, додека дречливите бои можат да делуваат нападно, па затоа пастелните изгледаат совршено во мала кујна.
Мешајте текстури и материјали
Слободно експериментирајте со различни текстури и материјали за уникатен изглед на кујната.
Додајте контраст
Ако сепак сакате потемни бои, тогаш во малата кујна можете да додадете контраст со еден елемент во темна нијанса, на пример на ѕидот.
Мала трпезариска маса
Малите маси за јадење се идеални за мали кујни и навистина даваат француски шмек.
Ако имате навистина мал простор, тогаш можете и да ставите маса која е прикачена на ѕидот, за да заштедите уште повеќе простор
Искористете го секој сантиметар
Не оставајте празен простор во кујната и потрудете се да го искористите секој дел.
Украсете ја кујната
Кујната ќе изгледа многу подобро ако ставите некоја слика, некое растение или украс со кој ќе ѝ дадете свој личен печат.
Високи шкафчиња
Високите шкафчиња ќе создадат илузија на пространост, а притоа ќе ви дадат и дополнителен простор за складирање.
Па, не оставајте место над нив, туку нека бидат до таванот.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





