5 работи кои гостите секогаш ги забележуваат во вашиот дом
Веројатно за викенд се подготвувате за забава со пријателите, а пролетното чистење веројатно би сакале да го оставите за наредниот ден, откако целата дневна соба ќе ви се наполни со чинии и отпадоци.
Но, тоа не значи дека не треба да се потрудите да ги примите гостите во што е можно поуреден дом, посебно, ако првпат влегуваат во вашиот дом.
Постојат неколку работи на кои треба да обрнете посебно внимание, бидејќи и самите гости го насочуваат погледот натаму:
1. Мирис
Прво што вашите гости ќе забележат кога ќе влезат во вашиот дом е мирисот, не декорот или кожниот мебел. Внимавајте, на што ќе наидат.
2. Со што ќе ги послужите
Откако гостите ќе седнат и ќе се сместат, време е да ги послужите со пијалак, важно е да ги послужите со чисти чаши, ако не сакате да се чудите зошто чела вечер не го пробале новото вино кое сте го купиле специјално за нив.
3. Уметничките дела на ѕидовите
Направете од својот ѕид место на кое ќе потенцирате што сакате, што ве инспирира или посочете кон оние кои ги сакате. Така ќе имате причини плус за разговор.
4. Уредност
Внимавајте дневната соба да биде уредна, тргнете ги непотребните работи од столиците и од остатокот од мебелот.
5. Уреден тоалет
Внимавајте на каков тоалет ќе наидат гостите. Напрскајте со некој свеж мирис и гледајте лавабото да биде уредно.
Н. Г. | Црнобело