Како да го декорирате балконот во италијански стил со само 4 детали?

Столчиња од ковано железо и растенија како лаванда – доволно е да промените само неколку ситници на балконот за да му дадете италијански шарм.

kako-da-go-dekorirate-balkonot-vo-italijanski-stil-so-samo-4-detali-01.jpg

Покрај вкусната храна, за многумина Италија е асоцијација за улички со калдрми и симпатични балкони од кои ѕирка шарено цвеќе.

Ако ви се допаѓа овој стил, можете да си го претворите вашиот балкон во „мала Италија“ со само неколку ситници.

Четири детали кои ќе ви помогнат да го внесете шармот на Италија на балконот:

Медитерански растенија

Кога станува збор за растенија и цвеќе, важно е да изберете нешто што би го сретнале во Италија, односно што вирее таму.

Овде спаѓаат растенија како лаванда, рузмарин, олеандер…

Италијанците ги обожаваат свежите зачини, па ако имате простор засадете и босилек или нане кои ќе можете да ги користите и во кујна.

kako-da-go-dekorirate-balkonot-vo-italijanski-stil-so-samo-4-detali02.jpg

Декорации со риги

За вистински да го доловите италијанскиот шарм, додајте елементи со бели риги како перничиња.

Сличен ефект ќе постигнете и само ако ставите завеса со риги.

Давајте им предност на комбинациите со бела и впечатлива боја, како црвена или жолта.

kako-da-go-dekorirate-balkonot-vo-italijanski-stil-so-samo-4-detali03.jpg

Сијалички

Наместо една ламба, украсете го балконот со мали сијалички на жица кои создаваат навистина пријатна атмосфера.

kako-da-go-dekorirate-balkonot-vo-italijanski-stil-so-samo-4-detali04.jpg

Мебел од ковано железо

Ако планирате да купите нов мебел за балконот, тогаш изберете столчиња и маси од ковано железо.

kako-da-go-dekorirate-balkonot-vo-italijanski-stil-so-samo-4-detali-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Како да му го подобрите изгледот на стариот (и евтин) мебел, без да потрошите многу пари? Скријте ја старата гарнитура со убави прекривки и декоративни перници, а стаклен...
Парче мебел што го има насекаде: Заоблени фотелји и табуретки како крзно на бело мече Фотелји со табуретки за во дневна соба, но и детски фотелји и столчиња за во ход...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
8 трикови од минималистите (за да имате секогаш уреден и чист дом) Трик за заштеда на простор: Ако минималистите купат апарат за во кујната, тој си...
Идеи за декорирање со кои ќе ја внесете пролетта во домот, без многу пари Свежо цвеќе, мирисливи свеќи и декортивни перници со „весели“, пролетни мотиви.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg