9 дизајнерски трикови како да добиете простор во малите бањи

Малите бањи во нашите домови се проблем со кој многу семејства се соочуваат.

9-dizajnerski-trikovi-kako-da-dobiete-prostor-vo-malite-banji-01.jpg

Сепак, професионалните дизајнери често знаат како да се справат со овој проблем и од најмалите простории да направат вистинско ремек-дело.

За да ви го докажеме ова избравме 10 одлични примери кои ќе ви покажат што да  направите за и најмалата бања да изгледа поголемо.

1. Фотографии во форма на тапет

Ваквиот дизајн визуелно ќе го зголеми просторот и со својата необичност ќе ви даде чувство на пространост.

10-dizajnerski-trikovi-kako-da-dobiete-prostor-vo-malite-banji-1.jpg

2. Белата како доминантна боја

Белата боја е бојата која секогаш визуелно го зголемува просторот. Друга прифатлива опција се и пастелните нијанси.

10-dizajnerski-trikovi-kako-da-dobiete-prostor-vo-malite-banji-2.jpg

3. Огледала

Огледалата се уште еден совршен трик за зголемување на просторот, посебно доколку им обезбедите добро осветлување.

10-dizajnerski-trikovi-kako-da-dobiete-prostor-vo-malite-banji-4.jpg

4. Мала кружна када

Ако бањата е тесна и немате доволно простор за класична када ваквите решенија ќе ви помогнат да ја остварите идејата без просторот да изгледа пренатрупано.

10-dizajnerski-trikovi-kako-da-dobiete-prostor-vo-malite-banji-5.jpg

5. Стаклена врата

Вратите со замаглено стакло се одличен избор за малите бањи бидејќи дозволуваат дополнително навлегување на светлина.

10-dizajnerski-trikovi-kako-da-dobiete-prostor-vo-malite-banji-6.jpg

6. Полици и ормари

Сепак истите треба внимателно да се изберат имајќи на ум дека мора да бидат тенки и нема да го оневозможат движењето или дополнително да го намалат корисниот простор.

10-dizajnerski-trikovi-kako-da-dobiete-prostor-vo-malite-banji-7.jpg

7. Искористени агли

Сè повеќе на пазарот се достапни елементи наменети за поставување во аглите на малите простории како бањите.

10-dizajnerski-trikovi-kako-da-dobiete-prostor-vo-malite-banji-8.jpg

8. Големи плочки

Експертите препорачуваат употреба на големи плочки во малите бањи, бидејќи малите дополнително го акцентираат недостатокот на простор.

10-dizajnerski-trikovi-kako-da-dobiete-prostor-vo-malite-banji-9.jpg

9. Простран под

Избегнувајте користење на премногу елементи на подот (како маски за туш кабината или) и одберете такви кои се прицврстуваат на ѕидовите. Туш кабина од проѕирно стакло совршено ќе го надополни чувството за пространост создадено од „празниот“ под.

10-dizajnerski-trikovi-kako-da-dobiete-prostor-vo-malite-banji-10.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум дизајнерка на ентериер и 7 работи никогаш не би ги ставила во својата дневна соба“ „Табуретките не се удобни за седење и секогаш подобра опција е некоjа клацкалка ...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Грешки кои ги правите при избирање осветлување за домот Не е важно само да ставите светилки во домот, туку клучно е да откриете каква св...
Како да ја уредите спалната соба за да се чувствувате покомотно и порелаксирано? Дрвениот под е елегантен и модерен, но ако сакате дополнителна удобност, ставете...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
7 предмети кои ќе му дадат доза на луксуз и на наједноставно уредениот дом Апстрактна слика во 2 или 3 дела за луксузен изглед на домот, необичен раскошен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg