6 трикови за организирање низ дома кои ќе сакате да ги пробате оваа недела
Сигурно не планирате денешниот, ниту утрешниот ден да го поминете во чистење, но затоа може да испробате некој нов трик кој ќе ви заштеди време и ќе ве поштеди од хаосот низ дома.
Вложете неколку минути во некоја од следниве идеи:
1. Ви требаат 5 минути за да го исчистите замрзнувачот, а работите кои ќе останат распоредете ги по пластични, проѕирни кутии. Избегнувајте кесите да ги трупате една врз друга. Така долгорочно ќе се поштедите од барање на состојката која ви треба.
2. Одберете кое шкафче во кујната ви е најхаотично и работите од него подредете ги во големи пластични кутии. Залепете парче хартија на која ќе напишете што каде има.
3. Земете неколку палети од бои и материјали од најблискиот салон за мебел и закачете ги на ѕидовите со пластични пинови или клинчиња. На нив закачете го накитот. Истовремено ќе направите декорација и ќе ги организирате ланчињата кои постојано се заплеткуваат.
4. Исечете го дното на картонските кутии од житарки и грицки, обложете ги со украсна хартија и направете организирана фиока за ситници.
5. Ставете округла полица која се врти под мијалникот и таму чувајте ги сите средства за чистење, наместо да ги расфрлате по шкафчиња.
6. Замрзнете ги старите свеќи кои се во стаклен сад и исчистете го восокот од нив. Во добиените празни стаклени садови чувајте ги ситниците за разубавување или канцеларискиот прибор.
М. Д. | Црнобело