Виолетова за спална, портокалова за кујна: Како да ги употребите боите во вашиот дом?

Боите имаат важна улога во ентериерот на секој дом. Со нивна помош можеме да создадеме посебна атмосфера едноставно избирајќи различна палета на бои.

Fascinantni-fakti-za-boite-i-kako-tie-vlijaat-vrz-vaseto-raspolozenie-05

Иако е тешко да се поверува, сепак различните нијански на бои кои ги красат нашите ѕидови имаат моќ да не развеселат, релаксираат па дури и мотивираат.

Познато е дека секоја боја има своја специфична моќ која се поврзува за различни сегменти од човековата личност.

Црна

Fascinantni-fakti-za-boite-i-kako-tie-vlijaat-vrz-vaseto-raspolozenie-01

Црната е многу моќна боја, која истовремено е неверојатно едноставна и елегантна. Таа е најверојатно премногу темна за спалната или дневната соба, но би била одличен избор за вашата домашна канцеларија. Сепак, не заборавајте да додадете доволно осветлување во вашата „темна“ соба.


Бела

Fascinantni-fakti-za-boite-i-kako-tie-vlijaat-vrz-vaseto-raspolozenie-02

Белата е исклучително деликатна, смирувачка и резервирана боја. Нема да биде добар избор доколку сакате живописен ентериер. Но, затоа пак ќе биде извонредна доколку сакате да создадете едностана, чиста и опуштена атмосфера.


Виолетова

Fascinantni-fakti-za-boite-i-kako-tie-vlijaat-vrz-vaseto-raspolozenie-03

Со доза на чудност, виолетовата боја го поттикнува сексуалниот нагон. Според тоа, таа би била одличен избор за спалната соба. Таа добро се вклопува со модернистичките ентериери, особено со комбинација со сива.


Сина

Fascinantni-fakti-za-boite-i-kako-tie-vlijaat-vrz-vaseto-raspolozenie-04

Бидејќи сината боја се поврзува со воздухот и водата, многу често се користи во бањите. Нежните нијански на светла и потемна сина може исто така да бидат соодветни за декорации во спалната соба. Тиркизната (која сепак не е баш сина) изгледа навистина прекрасно во комбинација со бела.


Зелена

Fascinantni-fakti-za-boite-i-kako-tie-vlijaat-vrz-vaseto-raspolozenie-05

Постојат само неколку бои кои можат да се натпреваруваат со зелената во поглед на свежината и живоста. Но од друга страна таа исто така може да биде значително смирувачка и релаксирачка. Слободно искористете ја за дневната соба или спалната.


Кафеава

Fascinantni-fakti-za-boite-i-kako-tie-vlijaat-vrz-vaseto-raspolozenie-06

Оваа боја ќе биде одлична доколку сакате да создадете едноставна атмосфера во која доминираат земјените тонови. Таа е топла, интересна и не можете да замислите рустичен дом без неа. Мажите посебно ја сакаат кафеавата боја заради нејзината мирност и чувство на сигурност и удобност.


Црвена

Fascinantni-fakti-za-boite-i-kako-tie-vlijaat-vrz-vaseto-raspolozenie-07

Не постои сомнеж дека црвената боја се поврзува со страст и енергија. Совршено одговара на деловите за забава, како на пример, дневната соба. Но запомнете, користете ја умерено, бидејќи и најмалото претерување ќе изгледа нападно и невкусно.


Розева

Fascinantni-fakti-za-boite-i-kako-tie-vlijaat-vrz-vaseto-raspolozenie-08

Дизајнерите често ја сметаат за доста проблематична боја. Исто така, се смета и за женска боја, па повеќето луѓе веднаш ја отфрлаат без размислување. Но, постојат толку многу нијански на розева кои ќе направат вашиот ентериер да изгледа свежо и луксузно, што навистина треба да размислите два пати пред да кажете не.


Портокалова

Fascinantni-fakti-za-boite-i-kako-tie-vlijaat-vrz-vaseto-raspolozenie-09

Топла и пријатна, портокаловата боја создава чувство на добросостојба и го подобрува апетитот. Таа ќе изгледа прекрасно во дневната соба, правејќи вашите гости да се чувствуваат како дома. Кујната и трпезаријата, исто така, ќе имаат корист од неа.


Жолта

Fascinantni-fakti-za-boite-i-kako-tie-vlijaat-vrz-vaseto-raspolozenie-10

Оваа забавна и светла боја најдобро е да се користи само како избор за нагласување на определен дел од мебелот. Жолтиот тепих или другите додатоци сигурно ќе бидат пријатни за очите, но жолтите ѕидови сепак не се толку добра идеја.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

25 идеи како оваа пролет да ја вметнете бојата на годината во уредувањето на домот Пернички во боја на праска, постелнина, удобна фотелја или за најхрабрите ѕидови...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Трикови со кои кујната ќе изгледа полуксузно, без многу труд и пари Доколку немате време и пари за реновирање на кујната, овие трикови ќе ви помогна...
4 трендови за уредување на двор што се хит сезонава (и 3 кои се демоде) Наместо пластични вазни за цвеќиња, изберете керамички со рустикален изглед, а г...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
5 модерни идеи за декорирање на домот со кактуси Предноста од декорирањето на домот со кактуси е тоа што тие не бараат многу нега...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg