Како правилно да ги редите садовите во машината за миење садови? (видео)
Ако припаѓате на мнозинството луѓе, веројатно садовите ги ставате во машината за перење садови така да собере што е можно повеќе садови, без да внимавате на распоредот.
Но, редењето на садови без план ви прави дополнителен трошок - најчесто садовите не се измиени како што треба, па повторно ги миете.
За да си заштедите време и пари погледнете како правилно треба да ги редите садовите во машината за миење на садови.
Горната полица служи за редење на чашите, шолјите и помалите садови. Гледајте да не се допираат едни со други и да не спречуваат слободно движење на прскалката.
Долната полица е наменета за тавчињата, чиниите и приборот за јадење. Чиниите треба да ги редите паралелно насочени само кон една страна.
Приборот за јадење не треба да биде собран на едно место, туку да има простор за да се измијат убаво.
Поголемите лажици редете ги свртени надолу со големиот дел за да не ја заглават прскалката...
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





