Совршен декор: Најдобрите каучи за мал простор
Купувањето на сопствен кауч претставува извор на радост, но и предизвик. Посебно ако живеете во мал простор, тогаш сигурно нема да го собере вашиот огромен кауч од соништата.
Па, ако сѐ уште сакате парче мебел на кое може да се излежувате, тогаш треба да најдете кауч кој ќе одговара на вашиот простор.
Не се растажувајте ако немате многу место за голем кауч. Ние го имаме решението:
1. Класичен
Ако целите кон класичен и едноставен кауч, тогаш топло ви препорачуваме софистициран мек кауч во неутрални бои.
2. Со принтови и дезени
Дури и малите каучи можат да бидат центар на внимание во вашата дневна и може да го одредат дизајнот на собата, особено кога има некој забавен дезен.
3. Елегантен
Додадете малку гламур на дневната соба, со мал плишан кауч во богата боја од некој скапоцен камен кој одлично ќе се вклопи во вашиот дом.
4. Со високи потпирачи
Одличен начин како да пополните многу мал простор со доза на софистицираност.
5. Од мешани материјали
Миксот од дрво, кожа и други материјали можат да направат вашиот простор да изгледа одлично.
6. Без потпирачи
Ако навистина немате простор за штедење, каучот без потпирачи е одличен начин како да зачувате простор кој може да го пополните со масичка, ламба или нешто слично.
С. С. | Црнобело