5 модерни идеи за декорирање на домот со кактуси
Предноста од декорирањето на домот со кактуси е тоа што тие не бараат многу нега, погодни се и за почетници и личности кои поголем дел од времето се зафатени.
Оние кои обожаваат кактуси и сукуленти, сигурно ги имаат во многу видови, а не може да се негира дека тие даваат еден посебен амбиент.
Предноста од декорирањето на домот со нив е тоа што тие се лесни за одгледување и не бараат многу посветеност.
Кактусите се способни да издржат екстремни температури и суша, а со само малку внимание, тие ќе напредуваат сосема доволно за да создадете свое омилено катче.
Совети за декорирање на домот со овие издржливи и уникатни растенија:
Изберете голем кактус
Изберете вид кактус кој ви се допаѓа, а потоа пронајдете „џиновски“ (висок приближно пет метри) кој ќе го ставите во некој ќош во домот.
Горниот слој од почвата наполнете го со камчиња и уживајте во прекрасната атмосфера.
Она на што треба да внимавате е да одберете сончева позиција, но и да го поставите на место каде што нема да го менувате често, зашто големите кактуси се непрактични за поместување бидејќи имаат боцки кои може да ве повредат.
Кактуси на прозорецот
Кактусите се посебни затоа што може да се сретнат во различни необични форми, кои уште повеќе доаѓаат до израз кога се ставени заедно на едно место.
Па, искористете го максимално местото на прозорецот и наредете повеќе кактуси во различни големини и бои.
Направете си мини затворена зен-градина
Освежете го вашиот внатрешен простор така што ќе создадете мини внатрешна градина која ќе ви даде чувство на смиреност.
Ставете кактуси, мала лопатка за декорација, а може да користите и камчиња или песок во боја што ќе се вклопи во вашиот ентериер.
Овде имате повеќе можности да експериментирате, а вака направената градина може да ја поставите на масичката или некаде каде што ќе можете често да ја гледате и да ги освежите вашите мисли.
Користете идентични саксии
Може да најдете најразлични саксии од теракота кои секогаш изгледаат добро ако ги поставите на тесна полица или на средина од трпезариската маса.
Изберете различни видови кактуси, а повисоките поставете ги поназад, додека помалите понапред. Вака поставените кактуси во идентични саксии уште веднаш ќе го привлечат вниманието.
Создајте си мини внатрешна „пустина“
Засадувањето кактуси заедно во голема саксија не само што ќе ви го олесни начинот на кој се грижите за нив, туку ќе ви создаде и ефект на мини внатрешна пустина.
За поелегантен изглед, користете долга саксија која ќе ја поставите на прозорецот или на повисока полица.
М. Ѓ | Црнобело