Работи кои погрешно ги правите во спалната соба
Спалната соба е место каде што треба да се чувствувате сигурно, пријатно и удобно.
Некогаш е тешко да се погоди вистинска атмосфера која ви е потребна за опуштање и одмарање.
Затоа, избегнувајте ги следниве грешки>
1. Имате постелнина со силни бои
Иако сакате да оставите силен печат на креветот, не бирајте дезени со такви бои, бидејќи тоа нема да ви помогне креветот да ви остане оаза на мирот.
Наместо силни бои, бирајте неутрални бои и можете да користите декоративни перници и прекривачи.
2. Оставате празни ѕидови
Спалната соба треба да ги отсликува вашата личност и карактер, а најдобар начин да се изразите е преку уметноста.
3. Не се одвојувате од телефонот
Во спалната соба треба да имате што е можно помалку електрични апарати.
4. Не го средувате нередот
Кога сте опкружени со неред можете да се чувствувате натрупано и растурено. Обезбедете доволно простор за чување на сите работи и ситници кои не ги употребувате секојдневно. Секоја работа треба да има свое место, а оние кои не ги користите, фрлете ги.
5. Имате само еден извор на светло
Ако во вашата спална соба имате само еден извор на светлина (вештачка) правите грешка. Осветлувањето во спалната соба треба да биде дискретно и ненападно светло, а тоа се прави со позиционирање на светлото на различни места.
М. Д. | Црнобело