Како конечно да си го организирате гардероберот?

За поголемиот дел од нас средувањето на гардероберот претставува вистинска мака, без разлика на тоа колку е голем – дали станува збор само за еден мал плакар или можеби речиси колку цела една просторија.

frlete-100-parcinja-obleka-postavuvajkji-si-samo-edno-prashanje-01.jpg

Веројатно многупати во животот ви се случило, посебно кога се спремате за некаква вечера, ручек или излегување со пријателите да застанете и со часови и часови да се „чудите“ што да облечете, односно да не можете да донесете конечна одлука за многу краток период.

Да си го поставите она очигледното прашање: „Што да носам?“ и по долг период да дојдете до заклучокот: „Немам што да носам“...

Звучи смешно, но овие мисли често ни се вртат во главата.

Можете да напишете цела книга за тоа како подобро да си го организирате гардероберот и да прочитате безбројни статии околу тоа какви сè трикови можете да примените, но реалноста е дека сето тоа може да се сведе само на едно едноставно прашање.

Да, толку едноставно е, постои само едно прашање кое ви е доволно за организирање на гардероберот – Дали ова парче облека ми служи, односно дали воопшто го употребувам некогаш?

frlete-100-parcinja-obleka-postavuvajkji-si-samo-edno-prashanje-1.jpg

На прв поглед, едноставно е, но не се залажувајте околу моќта на ова прашање, пред сè затоа што најчесто не можете да дојдете до конечен одговор така лесно и едноставно.

Постојат два начини како можете да откриете дали некое парче облека ви служи:

1. Дали прави да се чувствувате добро кога го носите? Ако немате силни емоции кои можете да ги врзете за одредено парче облека, пробајте го. Облечете го, застанете пред огледалото и проверете – дали прави да се чувствувате удобно во сопствената кожа?

2. Дали воопшто го носите? Тука постојат неколку прашања, дали во скоро време сте го облекле и колку пати? Дали ви текнува кога последен пат сте го облекле? Ако за некое парче облека воопшто не можете да се присетите кога последен пат сте го ставиле на себе, време е да се збогувате со него. Ако не ви служи, фрлете го, поклонете го, но не го чувајте.

Еве еден едноставен пример, куп облека која на прв поглед не изгледа хаотично, но ако треба да донесете брза одлука што да облечете, нема да знаете...

frlete-100-parcinja-obleka-postavuvajkji-si-samo-edno-prashanje-2.jpg


Што е со чевлите?

frlete-100-parcinja-obleka-postavuvajkji-si-samo-edno-prashanje-3.jpg

Колкав дел од нив ги носите? Сè што не ви е потребно, време е да оди во кантата за отпадоци.

frlete-100-parcinja-obleka-postavuvajkji-si-samo-edno-prashanje-4.jpg

Потоа започнете со облеката. Ако ви се случи за некое парче облека да избезумувате, едноставно да не сакате да го фрлите, туку да го чувате и никогаш да не го облечете, направете едноставна одлука.

frlete-100-parcinja-obleka-postavuvajkji-si-samo-edno-prashanje-5.jpg

Закачете го прво во гардероберот, одберете датум кога ќе треба да го облечете – кога ќе пристигне времето да го носите, ако сè уште не сакате да се ослободите од него, тогаш веќе на страна силните емоции, време е да го фрлите.

frlete-100-parcinja-obleka-postavuvajkji-si-samo-edno-prashanje-6.jpg

Би можело да ве интересира:

Со архитектот Лука Радовиќ за уредувањето на јога студио во Скопје: „Груб простор претворивме во мес... „Проектот за внатрешно уредување на просторот наменет за јога студио делува лесе...
10 едноставни трикови кои ќе ви го претворат малиот дом во пространо и удобно место за живот Користете ги паметно огледалата, во спротивно може да го добиете спротивниот ефе...
Панделки, носталгија: 9 трендови за новогодишно украсување за крајот на 2024 Oд „обвивка“ за ногарките на елката до ретро црвени свеќи и многу панделки, како...
Зеленило во секој дел од домот: Идеи од Пинтерест за да го „живнете“ просторот Со доаѓањето на пролетта природата почнува да оживува, а со тоа и собните растен...
5 инспиративни идеи за уредување на кујната - Ретро елементи и модерни дизајни Кујна која потсетува како да е од филмовите, зелена нијанса на елементите - како...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg