Совршени за на тераса: Плетени држачи за саксии
Ако се уште се мислите како да ги декорирате едноставните и еднобојни саксии кои ви стојат на тераса, овие плетени држачи се совршена идеја.
Во само неколку едноставни чекори можете да направите шарена декорација која за момент ќе внесе нова свежина во домот или дворот.
Потребен материјал:
- Растеглив материјал (околу 1,5 метар за саксија)
- Пластична саксија
- Метро
- Ножици
Начин на изработка:
1. Исечете го материјалот на 8 ленти со ширина од 4 сантиметри и должина од метар до метар и половина, зависно од тоа колку сакате да висат.
2. Заврзете јазол на едниот крај, оставајќи 10 сантиметри материјал да виси.
3. На околу 3-4 сантиметри заврзете нов јазол, но овој пат од само 2 ленти.
4. Неколку пати различно групирајте ги лентите, така што ќе ги врзувате соседните две. Ќе забележите дека полека добивате мрежа од ромбови.
5. Доволно е 2-3 пати да ја повторите постапката, зависно од големината и висината на саксијата. На крај повторно сите ленти спојте ги со еден јазол.
Крајниот резултат е фантастичен!