Немате место во домот? Од малиот простор направете голем

За секој проблем постои решение, дури и за малиот простор. За вашиот дом да изгледа визуелно поголем отколку што навистина е, не е воопшто тешка задача...

nemate-mesto-vo-domot-od-maliot-prostor-napravete-golem-1

Поентата се состои во максимално користење на просторот, а за сето тоа не ви се потребни премногу пари, туку паметни трикови за создавање голем простор:

1. Одвојте ги зоните во малиот стан

nemate-mesto-vo-domot-od-maliot-prostor-napravete-golem-2

Во големите животни простори секоја соба има различна цел и е уредена според животниот стил. Но, домот во кој нема премногу простор овие соби мораат да бидат паметно организирани. Во собите обидете се да направите зони кои ќе исполнуваат различни потреби.


2. Користете мебел кој се расклопува

nemate-mesto-vo-domot-od-maliot-prostor-napravete-golem-3

Инвестирајте во мебел кој се трансформира во согласност со вашите потреби, бидејќи така вашиот простор нема да изгледа премногу натрупано. Пазарот за овој мебел е навистина голем, а најдобро е да користите кревет за спиење кој има функција и на фотеља за седење, масички кои се расклопуваат и можат да се сместат под креветот.


3. Паметно смислете го просторот за складирање

nemate-mesto-vo-domot-od-maliot-prostor-napravete-golem-4

Складирањето е најважно кога станува збор за штедење на просторот. Во малиот простор пожелно е да се има полици околу прозорците и вратите. Овие зони најчесто остануваат празни, а со полици околу нив просторот ќе добие богат изглед.


4. Мебелот со повеќе функции

nemate-mesto-vo-domot-od-maliot-prostor-napravete-golem-5

Не мора секој мебел во домот да биде на расклопување, но пожелно е да има повеќе функции. Најпознати се софа креветите за во дневната кои се развлекуваат во кревет за спиење и така дневната станува одлична гостинска соба. Потоа, има трпезариски маси кои не зафаќаат простор, но имаат можност за развлекување и добивате маса на која ќе можат без проблем да седат повеќе од само 4-ца луѓе. Мебелот кој ви го зазема просторот во малиот дом секогаш мора да биде функционален.


5. Илузија на поголем простор

nemate-mesto-vo-domot-od-maliot-prostor-napravete-golem-6

Декорот исто така игра голема улога во визуелното зголемување на просторот. Користете светли нијанси на ѕидовите и мебелот. Во домот можете да поставите големи огледала кои визуелно ќе ви го зголемат просторот. Најважно за малите домови е да имаат повеќе природна светлина која ќе ги осветлува и ќе прави да изгледаат големи и луксузни. 

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
7 предмети кои ќе му дадат доза на луксуз и на наједноставно уредениот дом Апстрактна слика во 2 или 3 дела за луксузен изглед на домот, необичен раскошен ...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg