8 Најчести грешки при уредување на мал простор

Со вистинските идеи можете да направите големи промени во секоја просторија од вашиот дом, дури и во најмалата...

8-najcesti-greski-pri-ureduvanje-na-mal-prostor-1-

Сонувајте на големо и не правете ги овие 8 грешки при уредување на мал простор:

Грешка број 1: Премногу мебел

8-najcesti-greski-pri-ureduvanje-na-mal-prostor-1

Уредувањето влегува во онаа група на слатки проблеми, затоа не треба да дозволите бројот на квадрати да ви ја одземе фантазијата. Одберете парчиња мебел кои нема да го направат просторот да изгледа натрупан. Најдобро е мебелот да биде без потпирачи за раце, бидејќи така ќе изгледа помал и подобро ќе се вклопи.


Грешка број 2: Пополнување на секој сантиметар

8-najcesti-greski-pri-ureduvanje-na-mal-prostor-2

Дајте си простор во малиот простор. Не морате буквално во секое ќоше да поставите нешто, туку набавете парчиња кои имаат повеќе од една функција: столчето за седење може да биде и маса за кафе.


Грешка број 3: За домашната канцеларија потребен е посебен простор

8-najcesti-greski-pri-ureduvanje-na-mal-prostor-3

Не е точно, бидејќи доволен е сосема мал простор од домот на кој ќе поставите маса, столче и компјутер.


Грешка број 4: Избегнување на бои

8-najcesti-greski-pri-ureduvanje-na-mal-prostor-4

Ако сакате бои, тогаш слободно живејте со нив. Не морате целиот стан да го обоите во светла боја, туку доволно е само еден ѕид со кој визуелно ќе го зголемите просторот и ќе му дадете свежина.


Грешка број 5: Идејата дека само ѕидовите можат да создадат „соби”

8-najcesti-greski-pri-ureduvanje-na-mal-prostor-5

Тоа се однесува на луѓето кои живеат во гарсониери или студио станови, кои немаат ѕидови помеѓу просториите. Просторот помеѓу кујната, дневната или спалната слободно одвојте го со завеси или врати на лизгање.


Грешка број 6: Користење на полицата исклучиво за книги

8-najcesti-greski-pri-ureduvanje-na-mal-prostor-6

Секако дека полицата изгледа поубаво кога на неа има книги и фотографии, но истата можете да ја искористите за да го одделите креветот од работната маса.


Грешка број 7: Прениско закачени завеси

8-najcesti-greski-pri-ureduvanje-na-mal-prostor-7

Завесите секогаш треба да бидат закачени од самиот врв на ѕидот и да паѓаат до подот, а никако не треба да почнуваат од прозорците.


Грешка број 8: Губење на вертикален простор

8-najcesti-greski-pri-ureduvanje-na-mal-prostor-8

Не е задолжително во кујната да имате мали регали, туку слободно поставете полици и покажете си ја збирката на чинии, чаши, зачини и сѐ останато. 

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
Како да му го подобрите изгледот на стариот (и евтин) мебел, без да потрошите многу пари? Скријте ја старата гарнитура со убави прекривки и декоративни перници, а стаклен...
Парче мебел што го има насекаде: Заоблени фотелји и табуретки како крзно на бело мече Фотелји со табуретки за во дневна соба, но и детски фотелји и столчиња за во ход...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg