Нова приказна за вас и вашиот дом
Повелете на две децении креативност, уникатен дизајн и иновација на штандот на Ларо брендот - Саем за мебел, Хала 1а, од 24 до 29 март
Ќе не препознаете штом не здогледате!
Затоа што сме први, единствени, едноставни, но сепак софистицирани, елегантни и креативни и секогаш спремни да одговориме на вашите потреби.
Ова, еднаш во годината саемско искуство, ќе биде нашата можност и вашето време да се запознаеме и да создадеме нова приказна за вашиот дом.
Посетете нè на саем за мебел и посведочете за впечатлив штанд полн со изненадувања и дизајни.
Во саемскиот диверзитет на многуте брендови за мебел и нивните штандови, неминовно е дека ќе го препознаете добитникот на најмногу Златни награди на саем.
Се работи за пионерот во уникатност и креативност на македонскиот пазар, Ларо центар. Штандот на Ларо центар веќе десетина години по ред ќе го заземе својот фреквентен простор на саем и ќе биде подготвен за сите вас, имагинативни и креативни луѓе.
За Ларо
Основањето на Ларо брендот започнува во 1999 година, кога Лариса и нејзиниот партнер Кире го започнаа проектот Ларо. За кратко време овој проект прерасна во вистински предизвик, во хоби, пасија, професија. Ларо стана нивното првороденче на кое му дадоа многу љубов за да го изградат во препознатлив бренд.
Искуството со кое се здоби Ларо брендот во текот на изминатите дваесет години е одраз на вкусовите и потребите на своите корисници, но и на трендовите кои ги носи пазарот. Мисијата на Ларо е да продолжи да креира мебел со уникатен и персонализиран дизајн, изработен од високо квалитетни материјали по врвни стандарди и достапни цени.
Повеќе информации на http://laro.mk/ и на https://www.facebook.com/Larokitchen