Супер идеја: Организирајте го вашето катче за шминкање (видео)
Ако сте девојка која секојдневно се шминка, сигурно владее хаос во вашите пудри, римели, четки за сенки, руменила...
Наместо да губите секое утро по неколку минути во барање, потрошете половина час за да го доведете во ред вашето катче за шминкање.
Старите вази, чаши и стаклени садови може да добијат многу поинаква улога со неколку едноставни трикови и идеи.
Земете ги сите чашки од еурокрем, стаклени садови од потрошени свеќи или обичните чашки кои подолго не ги користите и започнете ја нивната трансформација.
Одберете спреј во боја, лепак и светки по ваша желба и за само половина час можете да направите нова декорација која ќе ви го разубави просторот за шминкање.
Постапката е следна: