10 трикови како да направите домот да изгледа помодерно (и полуксузно)
Кабли
Растурените кабли не изгледаат убаво и оддаваат впечаток дека сте неуредна и хаотична личност. Добро би било да одвоите време и сите кабли да ги скриете зад мебелот.
Гломазен мебел
Кога купувате мебел, секогаш размислувајте за големината на собата. Ако мебелот е премногу мал, просторот ќе изгледа празно, а ако е премногу гломазен, ќе изгледа натрупано.
Понекогаш е доволно само да отстраните неколку парчиња мебел за домот да изгледа поубаво.
Натрупани завеси
Правилото е дека на сите прозорци треба да имате по најмногу две завеси.
Ако имате завеси, драпери и трет елемент на врвот, нема да имате доволно светлина во домот, а прозорците ќе изгледаат пренатрупано.
Запомнете дека секој простор изгледа поубаво кога во него има доволно светлина.
Темен мебел
Светлиот мебел можеби е потежок за одржување, но тој секогаш прави просторот да изгледа поуресно. Темниот мебел прави просторот да изгледа понеуредно и несредено.
Можеби е до потсвеста, но светлите бои секогаш нè асоцираат на чистина.
Избегнувајте голем број принтови
Во 90-тите беа популарни завесите, килимите и перниците со принтови. Денес, тие се сметаат за демоде, а големиот број насобрани принтови во собата, визуелно создаваат чувство на хаотичност.
Заменете ги старите везени перничиња со нови еднобојни, а истото се однесува и на другите детали.
Б. С. Б. | Црнобело