10 трикови како да направите домот да изгледа помодерно (и полуксузно)

Расчистете го нередот од полиците, а старите шарени перничиња од баба, заменете ги со нови, еднобојни. Како да направите домот да ви изгледа помодерно?

10-trikovi-kako-da-napravite-domot-da-izgleda-pomoderno-i-poluksuzno-01.jpg.jpg

Кога ги гледаме фотографиите во списанијата за уредување на домовите, сите барем на миг посакуваме да можевме да имаме волшебно стапче и во еден миг да го преуредиме домот за да изгледа совршено.

Понекогаш, проблемот не мора да биде во тоа што го имаме дома, туку во тоа како сме го распоредиле. Расфрланите предмети на отворените простори, неправилно распоредениот мебел и тешките завеси може да направат домот повеќе да ни наликува на склад, отколку на современо уреден простор за живеење.

Кои 12 трикови може да ви помогнат веднаш да внесете свежина во домот и да направите да изгледа помодерно и полуксузно?

Расчистете го вишокот предмети од отворените полици

Отворените полици се одлични за книги и други мали декорации. Но, тоа не е простор за сè друго што би можело некогаш да ви притреба.

Расчистете сè што не треба да биде на отворените полици и распоредете ги предметите, така што ќе оставите простор меѓу нив.

10-trikovi-kako-da-napravite-domot-da-izgleda-pomoderno-i-poluksuzno-02.jpg.jpg

Стари книги

Можеби читате многу, но нема потреба тоа да го рекламирате на сите што ќе влезат во вашиот дом.

Дополнително, сите стари и оштетени книги може само да почнат да собираат прашина и да шират неубав мирис во домот, па затоа е добро да ги соберете на некое друго место.

За да изгледаат поелегантно, најдобро е книгите да ги распоредите во неколку купчиња и да ги разделите со декоративни предмети.

10-trikovi-kako-da-napravite-domot-da-izgleda-pomoderno-i-poluksuzno-03.jpg.jpg

Декоративни перници

Тие може да бидат одлични ако се распоредени убаво на мебелот.

Најдобро е да имате 2-3 перници кои се распоредени на двете страни од софата или троседот.

Пренатрупаниот мебел со декоративни перници изгледа неудобно и чудно.

10-trikovi-kako-da-napravite-domot-da-izgleda-pomoderno-i-poluksuzno-10.jpg.jpg

Не го лепете мебелот до ѕидовите

Не нема да добиете повеќе простор ако го залепите целиот мебел до ѕидовите. Подобро е да оставите простор за движење помеѓу нив.

Во кујната подобро би стоело доколку масата е на средина, а не залепена во аголот од собата.

10-trikovi-kako-da-napravite-domot-da-izgleda-pomoderno-i-poluksuzno-05.jpg.jpg

Врамени фотографии и слики

Убаво е да имате фотографии и уметнички слики на ѕидовите, но кога се во преголем број и неорганизирани, целиот простор ќе изгледа хаотично.

Затоа најдобро е да се држите до правилото, сите фотографии и слики во собата да бидат распоредени на едно место.

Ако имате доволно светлина во домот, може да се одлучите и за црно-бели фотографии или слики.

10-trikovi-kako-da-napravite-domot-da-izgleda-pomoderno-i-poluksuzno-06.jpg.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...
18 идеи од Пинтерест за стилско уредување мала бања (фото) Ако имате мала бања, не очајувајте - постои начин да ставите сè на едно место, а...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg