Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи
Начинот на којшто го уредуваме домот доста зборува за нас, но според Фенг шуи предметите што ги распоредуваме во секој агол од домот носат своја енергија и може да ни донесат добра среќа или малер.
Иако на повеќето ни изгледа како неважен или занемарлив дел од домот, според експертите за Фенг шуи, ходникот е едно од најважните места во домот, затоа што тој ја носи енергијата со којашто се соочуваме веднаш штом ние, или некој друг ќе влезе во нашиот дом.
Заради ова, ходникот треба да биде внимателно уреден и добро осмислен простор, а не да претставува место каде што се складираат јакни и чевли.
Освен тоа што во ходникот не треба да имаме премногу неред, според Фенг шуи во ходникот не треба да се чуваат и некои други предмети, затоа што се магнет за малер и лоша енергија.
Дел од нив во продолжение:
Овенати растенија или кактус
Во азиската филозофија, овенатото цвеќе е симбол за несреќа, особено ако се стави на влезот од домот.
Кактусот, пак, кој може да расте и во доста тешки услови, се смета за симбол на сиромаштија и недостатоци, па затоа ако е поставен во ходникот, тој може да привлече финансиски проблеми.
Црни или многу темни предмети
Ако во ходникот имате темни рамки, вази, слики или некои други ситници, најдобро е да ги замените со проѕирни, бели или сини, или да ставите некои кристални детали.
Црните, односно темните бои, според Фенг шуи привлекуваат темнина и гнев во домот, па ако ги чувате на влезот, така креирате „портал“ кој привлекува негативни енергии во вашиот дом.
Огледало
Во голем број култури, огледалото е предмет што може да ја украде душата и затоа не е во ред да се соочите со него веднаш штом влезете дома.
Уште полошо е ако имате оштетено или скршено огледало, кое може да ви донесе лоша среќа и енергија.
Б. С. Б. | Црнобело