10 парчиња од IKEA што совршено ќе се вклопат во секој ентериер
Практичните, едноставни и безвременски парчиња од IKEA се омилени за многумина. Да погледнеме неколку производи што би можеле да се вклопат во секој дом, а се продаваат по релативно пристапни цени.
Од ламби за работна маса, до вазни за цвеќиња и помошни масички, во IKEA можете да најдете сѐ и сешто.
Овој пат ќе ви претставиме 10 парчиња што совршено можат да се вклопат во секој ентериер, токму заради својата универзалност и едноставност:
Лампа „Forsa“
Одлична е за на работна маса и за луѓето на кои им треба дополнително светло додека работат до доцна навечер.
Направена е од квалитетни материјали, а се продава по пристапна цена и е еден најпопуларните производи на IKEA за минатата година.
Перница „Fjadrar“
Станува збор за перничиња што се изработени од гускини пердуви и се мошне меки и го задржуваат обликот.
Удобни се за лежење и се продаваат по пристапна цена.
Дрвен послужавник „Ombonad“
Станува збор за послужавник изработен од дрво, кој е мошне траен и се продава по пристапна цена.
Идеален е за појадок во кревет, а во истата серија можете да најдете и одлични ленени салфети што веднаш ќе ве освојат.
Канцелариско столче „Langfjall“
Освен што е шик и изгледа убаво, ова е мошне функционално и удобно столче, особено наменето за оние што поминуваат долги часови пред компјутер.
Прекривка од јагнешка кожа „Ullerslev“
Станува збор за прекривка што можете да ја користите за што сакате. Можете да ја ставите на столче во трпезарија, на кауч, некои дури ја користат и за околу елка, или едноставно како килимче.