Ситници кои му даваат луксузен изглед на домот (а чинат малку пари)
Кружни предмети
Обично мебелот во домот е со остри агли. Поради ова, контрастот со по некој предмет со кружна форма, како табуретка, ќе му даде доза луксуз.
Послужавник
Ако козметиката во бањата во стои на пералната, ставете ја во послужавник и веднаш ќе изгледа посредено.
Ова важи за сите предмети за кои немате конкретно место или ги користите често, како оние на ноќната масичка, клучевите и слично.
Послужавникот можете да го искористите и само како декорација – во него ставете мало растение и мирислива свеќа или каков било украс.
Меки материјали
Меките материјали додаваат доза луксуз, а се и многу поудобни.
Па, потрудете се декоративните перници, ќебето во дневната и слично да бидат направени од помек материјал.
Свежо цвеќе
Свежиот букет цвеќе е едноставен и евтин начин да го разубавите просторот во домот.
Можете да купите поквалитетно вештачко цвеќе кое ќе ви трае вечно.
Спирова С. | Црнобело