Како да го направите малиот балкон визуелно поголем, според дизајнери на ентериер?
Ставете огледало
Добро познат факт е дека огледалата создаваат илузија на голем простор.
Секако, огромното огледало нема да биде практично на балкон, но сличен ефект можете да постигнете со помало, кружно или овално огледало.
Дајте им предност на светлите бои
Најдобро е гарнитурата да има неутрална боја, како беж, а за перничињата слободно изберете некоја подречлива нијанса.
Избегнувајте ги темните бои кои го „затвораат“ просторот.
Пополнете го секој дел од просторот
Потрудете се секој дел од балконот да биде искористен за нешто.
На пример, не ги оставајте ќошевите празни, туку ставете некое растение, украс, лулашка…
Обрнете внимание на осветлувањето
Ако имате простор, ставете две-три столни ламби.
Доколку немате, закачете сијалички кои ќе му дадат посебен шарм на балконот.
Спирова С. | Црнобело