Рајско дворче во Скопје со палми, црквичка и петунии во разни бои (фото)
Лесно е да побегнете од летните горештини ако имате куќа и дворче со многу зеленило и дрвца. Дури и кога куќата се наоѓа меѓу згради во Скопје.
Замислете си, колку е само прекрасно во ова идилично дворче, кое се наоѓа во Скопје, да го испиете утринското кафе за викенд. Додека уживате во вкусот на кафето меѓу сите шарени цвеќиња - го слушате пеењето на птиците.
Во дворчето со многу зеленило, дрвца и палми, растенијата се обиколени со бели и црвени камчиња кои создаваат убава слика. Петуниите во неколку бои го разигруваат просторот во кој доминираат дрвени детали.
Во дворчето, меѓу палмите, е поставена и мала црквичка.
Фотографиите од рајското дворче во Скопје ги објави Светлана Андреева во Фејсбук групата „ДВОРЧЕТО“.
Таа откри дека куќата е на ќерка ѝ и на зет ѝ, а вели дека освен што ужива во дворчето додека е таму, понекогаш и подработува во него.
Погледнете ги фотографиите:
А. Ј. | Црнобело