9 работи во домот, кои изгледаат одлично на фотки, но се непрактични во реалноста
Барски столчиња
Тие се високи и одлично изгледаат во кујната или во која било просторија, плус не зафаќаат премногу простор, но се навистина небезбедни за деца и стари луѓе.
Туш кабина
Овие стаклени кабини изгледаат стилски и визуелно го зголемуваат тоалетот. Но, вистината е дека се навистина тешки за одржување и секоја капка вода на стаклото се познава, па секојпат по туширање треба да ги избришете за капките да не се исушат и остават дамки.
Кратки чешми
Кратките чешми се кошмар насекаде, но особено во кујната кога треба да измиете некои големи тенџериња.
Но, проблем се и во тоалетот кога не можете на раат да си ги измиете рацете.
Кожен кауч
Изгледа стилски и скапо, но не е многу практичен. Секоја гребнатинка се познава на кожата, а малите деца и милениците навистина лесно може да го оштетат.
Исто така, треба да го тргнете настрана од сончева светлина и радијатори, а и да го чистите со специјални продукти. Плус, не е многу комфорен за во лето кога ве поти и кожата ви се лепи за материјалот.
С. С. | Црнобело