9 работи во домот, кои изгледаат одлично на фотки, но се непрактични во реалноста
Oвален мијалник: Изгледа модерно, за разлика од стандардните, но покрај однатре, овој мијалник треба да го чистите и однадвор, затоа што прска вода и се создава мувла.
Да се опреми дом навистина не е лесна работа и секој прави некоја грешка за која подоцна се кае.
Понекогаш во искушение сме да направиме таков избор поради ниската цена, понекогаш поради актуелните трендови...
Работи за домот, кои изгледаат одлично на фотки, но се непрактични во реалноста:
Овален мијалник
Изгледа модерно, за разлика од стандардните, но покрај однатре, овој мијалник треба да го чистите и однадвор, затоа што прска вода и се создава мувла.
Врата на лизгање
Тие се одлични за рационално користење на просторот во помали станови, но од друга страна не се практични затоа што ги пропуштаат мирисите и звуците.
Ламби со хартиени делови
Тие се евтини и изгледаат интересно, но ќе ви бидат потребни „специјални“ вештини за да ја соберете прашината од нив и да ги исчистите, без да ги оштетите.
Дебели теписи
Тие се меки и пријатни на допир, но екстремно тешки за одржување. По извесен период губат на волумен и не изгледаат така привлечно, како на почетокот.