На гости кај Рената: Дом со милјеа, класичен мебел, мирис на минатото и прекрасен поглед кон Водно (фото)
Ние живееме во стан но одвнатре верувајте чувството ни е како да сме во куќа, немаме допирни точки со соседите, само во еден ѕид граничи со една соба со комшиски стан.
Боите се многу битни според мене. Што се однесува до боите на ѕидовите на рамките на сликите и на драпериите, перниците сето тоа се дело на еден стар пријател.
Некои од ѕидовите ни се со свилени тапети, некои од столиците добија третман на табуретки и станаа украс низ просторот, драпериите се во бои и тонови кои одговараат на сè.
Претстојат нови проекти во нашиот дом, но дотогаш е најважно што сме успеале да го изградиме чувството на топол и удобен дом по наш терк, правен по мерка со многу љубов.“
Повеќе фотографии од домот на Рената:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело