На гости кај Валентина: Стан во Прилеп од 89m2 со многу огледала и семејни спомени (фото)
Никогаш не сум купувала скапа гардероба, ниту брендирана, но на новокупената додавам свои детали, кои ме прават необична и го изразуваат мојот стил.
Бог на секого ни дал по некоја дарба, а јас сум благодарна што ја имам баш оваа, секојдневно да креирам нешто ново.
Моментално ѝ помагам на една пријателка да го преуреди нејзиниот кабинет за психологија, а потоа продолжуваме со уредување на нејзиниот друг кабинет во Скопје.
Во мојот дом омилени ми се катчињата со семејни спомени, каде имам врамено многу фотографии од убави мигови со моите деца.
Исто така, ми се допаѓа ефектот на огледалата и тоа како визуелно го зголемуваат просторот, па затоа имам ставено на повеќе места.